Македонија
(Видео) „Како што ДПМНЕ ги лажира анкетите, така се обиде да ги лажира и потписите за Силјановска“, вели Каевски
„ДПМНЕ излажа за потписите на Силјановска, ниту ДПМНЕ, ниту Гордана Силјановска немаат поддршка од граѓаните. Како што ДПМНЕ ги лажира анкетите така се обиде да ги лажира и потписите за Силјановска, но не успеа. ДПМНЕ не успеа да собере валидни, законски потписи за својата кандидатка и кандидатурата во ДИК ја поднесе со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
„И што е најлошо повторно ги излажаа граѓаните. Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ.
Паднаа во вода лагите на ДПМНЕ, паднаа во вода помпезните прес конференции дека за неколку часа биле собрани потписи, дека повеќе биле собрани.
Еве се покажа дека не биле, дека немаат поддршка.
Нема никаква промена во ДПМНЕ. Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.
Граѓаните не сакаат враќање назад и изолација, не се спремни да поддржат антиевропски политичари.
На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов.
На граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје. Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски“, соопшти Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права
Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права.
Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на Комисијата за избор на тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.
„По разгледувањето, Владата ја усвои Информацијата, по што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција задолжена за спроведување на административните и техничките активности во постапката, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа, во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати“; соопштија од Владата.
По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, Комисијата ќе ја достави листата со тројца кандидати до Владата, по што конечната листа ќе биде проследена до Парламентарното собрание на Советот на Европа.
фото/Depositphotos
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.

