Скопје
Герасимовски: Екоакции во сите основни училишта и градинки во Центар

По повод Денот на пролетта, во сите основни училишта и градинки во општина Центар се проведува екоакција, во која наставниот и воспитниот кадар заедно со дечињата и учениците го чистат сметот и садат нови цвеќиња и садници. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, им се приклучи на учениците во ООУ „Ј. Х. Песталоци“, а со донации на цветен расад се приклучија и нашите пријатели од „Рамстор“ во ООУ „Гоце Делчев“.
„Екоакциите што денеска се спроведуваа во сите училишта и градинки имаат одличен едукативен карактер за децата од градинките и за учениците. Тие се одличен пример да ја развиваме свеста за чиста и уредена средина, дополнително садењето цвеќиња и садници ќе ги разубават и развеселат предучилишните и дворовите во училиштата, а воедно и ќе придонесат кон заштитата на животната средина и прочистувањето на воздухот. Затоа е потребно вакви екоакции да имаме повеќе и на разни локации“, порача Герасимовски.
Во рамките на меморандумот за соработка „Пакомак“ неколкупати одржа екочасови, на кои ги запозна основците со правилното селектирање на отпадот и бенефитот од неговото рециклирање. Во училиштето има поставено и машина се селектирање пластични и стаклени шишиња и лименки и за секое од нив „Пакомак“ одвојува по 2 денара за училиштето, еден денар за реквизити, еден за Фондот за талентирани ученици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)