Македонија
Промовирана монографија по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со Италија
Денес, во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија беше промовирана монографија по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, во организација на Амбасадата на Италијанската Република во Скопје.
Министерот Бујар Османи изрази задоволство и чест што Министерството за надворешни работи денеска е домаќин на промоцијата на монографијата, која е издание на Амбасадата на Италија и каде што се опфатени најзначајните моменти од историско значење за двете земји. Османи истакна дека со Италија во континуитет градиме пријателски и партнерски релации, кои се одраз на меѓусебно почитување и интензивна соработка во сите сфери на општественото живеење.
„Политичките односи, детерминирани од принципиелната италијанска поддршка на аспирациите за членство на нашата држава во Европската Унија и НАТО, се од особено значење бидејќи поддршката доаѓа токму од еден од стожерите на овие организации сметајќи ја нашата земја за клучен фактор за мирот и стабилноста во регионот“, рече Османи.
Со издавањето на оваа значајна публикација во облик на хронолошки пресек на билатералните релации се заокружува одбележувањето на јубилејот во чии рамки изминатиот период беа одржани серија пригодни настани. Република Северна Македонија и Италија тридеценискиот јубилеј на воспоставени дипломатски односи го гледаат како нова појдовна точка за натамошно продлабочување на дипломатските односи и соработка како идни рамноправни членови на европското семејство.
На денешното промовирање на монографијата свое обраќање имаа и амбасадорот на Италија во Скопје, Андреа Силвестри, претседателот на парламентарна Комисија за надворешна политика, Антонијо Милошоски, претседателот на пратеничката група на Собранието на Северна Македонија за соработка со парламентот на Италија, Елми Азири, како и првиот наш амбасадор во Италија, Виктор Габер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од општините Сопиште и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците од цело с. Јаболци (општина Сопиште)
· во периодот од 11.00 до 15.00 часот дел од корисниците од Горно Нерези (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 16 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Од вторник до сабота ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во деновите потоа од северен правец.
Македонија
Освојувањето на 14-те највисоки врвови го сметам за национален успех, вели Кедев
Освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го сметам за национален успех. Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот, порача кардиологот и алпинист Сашко Кедев, по одликувањето на Орденот „8 Септември“ за особените заслуги во медицината и за историскиот подвиг во алпинизмот.
Кедев, изрази длабока благодарност за одликувањето, кое рече дека иако опфаќа повеќе елемент од неговиот живот, го споделува со сите колеги со кои заедно ја формираат Интервентната кардиологија пред повеќе од 30 години.
Суштината во животот, порача Кедев, е да најдеме активност што нема крајна цел, туку чиста мотивација без конкретна цел.

