Скопје
Герасимовски: На Меѓународниот ден на поезијата го славиме поетското дело на великанот Петре М. Андреевски
По повод Денот на поезијата – 21 март, општина Центар и Здружението Форум за човекови права-Скопје, заеднички го реализираа проектот „Омаж за Петре М. Андреевски по повод 90 години од раѓањето – Расветлување на неговиот животопис и творечки опус“. Проектот е во рамки на Конкурсот на општина Центар од областа на културата.
Денот на поезијата е од особено значење не само за поетите, туку е празник и за читателите. Читателската публика, како љубител на поезијата на М. Андреевски, која претставува уметност од зборови. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски истакна дека делата на Петре М. Андреевски се дел и од колективната меморија на граѓаните.

„Денеска го славиме Светскиот Ден на поезијата. Но, во исто време годинава чествуваме 90 години од раѓањето на великанот на македонското литературно творештво, Петре М. Андреевски. Неговите песни, романи, драми сме ги прочитале милион пати. Тие станаа дел од нашата колективна меморија. Стиховите и мислите на Андреевски се автентични и длабоко македонски. Неговите дијалози ги кажуваат безвременските вистини за тоа кои сме и што сме. Мали а во исто време големи! Ранливи а во исто време непокорни и неуништливи! Пркосниот Пиреј, безвременската Дениција, исконската Касни Порасни, се мојот омилен избор кога зборувам за Андреевски. Тоа се дела со кои пораснав, од кои многу научив и на кои постојано се навраќам. Голема чест ми е што токму денеска на овој ден посветен на поезијата се потсетивме на големиот македонски автор“, истакна Герасимовски.

На настанот беше прикажан документарниот видео запис во чест на Петре М. Андреевски кој важи за еден од најпопуларните македонски поети и раскажувачи на сите времиња, романописец, есеист и драмски автор чии дела претставуваат вистински аманет за македонското творештво.
Во документарните записи беа прикажани архивски видео записи од самиот Петре М. Андреевски, видео инсерти во кои се говори за неговиот живот и творечки опус од членови на семејството, ќерката Деница Андреевска Богданова и од неговите современици: Матеја Матевски, Мирче Нешовски, Цветан Враживирски.

За значењето и придонесот на неговото поетско дело свои обраќања покрај градоначалникот Герасимовски имаа и проф. д-р Кристина Николовска, редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Дел од неговите дела и денеска издавачка куќа Три ги изложи на настанот.
Музичка преработка со уметнички призвук во интерпретација на Џина Папас Џокси предизвика воодушевување, како спој од стиховите на песна од збирката поезија „Дениција“ на Петре М. Андреевски. Во негова чест вечерва во Музејот на Македонската борба за самостојност ќе биде одржана Манифестација „Моќта на поезијата” организирана од Здружението на пензионери на општина Центар и Здружението на просветни работници на Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.

