Црна хроника
Кривична пријава за три лица, фалсификувале извод од матична книга на родени
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал – Одделение за корупција и фалсификати поднесе кривична пријава против К.Н.(33) од Скопје, вработен во Управата за водење на матични книги, Подрачно одделение Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” по член 353 и „фалсификување службена исправа” по член 361 од Кривичниот законик и против М.К.(30) и Ј.М.(29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина ” по член 380 од Кривичниот законик.
Првопријавениот, вработен на работно место помлад референт-матичар, по претходен усмен договор со второ и третопријавените, без примено писмено барање за издавање на извод од матичната книга на родени, изготвил и заверил со свој потпис и службен печат извод од матична книга на родените за нивната малолетна ќерка, во која внел невистинити податоци, односно матичен број кој бил непостоечки.
Таквиот извод тие го употребиле во Одделението за управни работи Скопје како прилог на барањето за издавање на патна исправа на малолетната ќерка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.
Црна хроника
На државно земјиште поставил метална ограда во должина од 74 метри
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Могорче за узурпација на недвижности.
– Кривична пријава е поднесена против А.А.(20) од дебарското село Могорче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид,
Според него А.А. на државно земјиште во атарот на селото Долно Косоврасти, општина Дебар, неовластено поставил метална ограда во должина од 74 метри и ширина од 21,4 метри и поставил бетонска плоча.
Црна хроника
Дете фатено со марихуана во Карпош
Вчера во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.