Свет
Најстудената зима во последните 50 години во Монголија, пцовисаа 4,7 милиони животни

Монголија ја погоди најстудената зима во последните 50 години, поради екстремниот студ, пцовисаа повеќе од 4,7 милиони животни, а загрозени се и егзистенцијата и снабдувањето со храна на илјадници луѓе, предупреди Меѓународната федерација на Црвениот крст (IFRC).
Од ноември минатата година, најмалку 2.250 семејства, кои се занимаваат со сточарство, изгубиле повеќе од 70 отсто од својот добиток, а повеќе од 7.000 семејства немаат пристап до соодветна храна, пренесува Си-ен-ен.
Екстремната зима зафати три четвртини од Монголија, а се очекува дополнително влошување на временските услови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мистеријата за претепаната Украинка: Полицијата тврди дека паднала, но постојат сомнежи дека била на настрана забава за ултра богати

Голем број на влијателни лица и уметници објавија дека се обиделе да бидат намамени на забави со сексуални активности
Расте загриженоста за ‘porta potty‘ забавите откако украинската манекенка oд „Онли фанс“ беше пронајдена фрлена на страна од патот во Дубаи со ужасни повреди, пишува „Мејл Онлајн“.
Марија Ковалчук (20) на пријателите им кажала дека на 9 март била поканета на забава во хотелот пред да исчезне. Десет дена по нејзиното исчезнување, покрај патот била пронајдена претепаната и крвава со скршени екстремитети и кичма.
Се верува дека Марија, која подоцна била итно пренесена во болница и подложена на низа операции, наводно присуствувала на забава наречена ‘porta potty‘, пишува „Мирор“. Ова е таканаречечен настан каде што женските инфлуенсерки се енормно платени да вршат понижувачки сексуални дејствија. Интернет гласините за влијателни луѓе кои летаат во Дубаи за да присуствуваат на овие бизарни забави кружат повеќе од една година. Форуми на „Редит“ се отворени на оваа тема, со корисници кои разговараат за наводните настани, вклучително и гласини дека учесниците мораат да потпишат договори за тајност. Според „Њујорк Пост“, на интернет ѕвездите, моделите и актерките може да им се платат дури 100.000 долари за исполнување на желбите на ултрабогатите мажи.
Марија била на забавата со двајца мажи кои се претставиле како претставници на манекенскиот бизнис, пишуваат украинските медиуми. Според она што е познато, организаторите привлекуваат влијателни лица на такви забави.
„Добивме голем број поплаки од инфлуенсери и уметници кои беа поканети во Дубаи на настапи и настани само за да бидат намамени на забави каде што се очекувало да се вклучат во сексуални активности“, вели Стирлинг, извршен директор на компанија која им помага на клиентите да се движат низ правниот систем на Обединетите Арапски Емирати. Таа, исто така, објасни дека законите за секс надвор од брак во Обединетите Арапски Емирати биле олабавени во 2022 година, а некои поединци ја користат оваа промена.
„Жените треба да бидат свесни дека можат да се соочат со тешки, па дури и опасни ситуации, а ако се работи за оженет маж, може да бидат обвинети за прељуба“, рече таа. Откако беше пронајдена Марија, нејзината мајка Ана долетала од Норвешка и изјавила дека девојката се лекува и дека се ќе биде во ред.
Во исто време, како што пренесува „Мејл Онлајн“, полицијата во Дубаи соопшти дека обемната истрага открила дека Марија претрпела сериозни повреди откако сама влегла на забрането градилиште и паднала од височина. Рускиот весник „Шот“ објави дека семејството на несреќната девојка ја оспорило полициската изјава бидејќи сметаат дека информациите за нејзиното паѓање од градилиштето се лажни. Друг руски медиум, објави дека Марија била во неразбирлива хистерија пред нејзиното исчезнување. Во моментот на нејзиното исчезнување, Марија требало да биде на забава со двајца мажи кои се претставиле како вработени во манекенскиот бизнис, пишуваат неколку украински медиуми. Таа и рекла на мајка си дека ќе преноќи со нив, но потоа исчезнала. Бидејќи резервирала лет за Тајланд кој тргнал од Дубаи на 11 март, но не се појавила на аеродромот, нејзиното семејство и пријатели ја известиле полицијата.
„Постои претпоставка дека отишла на забава. Но, промоторот што ги организирал тие забави не ја видел. Марија на крајот беше пронајдена во болница во тешка состојба. Таа нема документи, нема телефон, ништо. Таа претрпе четири операции и не може да зборува“, рече нејзината мајка.
Пријателката на Марија, руската манекенка Анџелина Дорошенкова (31) изјави дека сите се надеваат на најдоброто и дека се многу благодарни на сите што учествувале во потрагата и помогнале со информации. Анџелина поминувала време со Ковалчук во Дубаи и наводно била поканета на истата забава на 9 март, но на крајот одлучила да се врати во Русија неколку дена порано.
Свет
(Видео) Хорор на Флорида: Возач на автобус се расправал со патниците, па почнал да пука, има мртви

Пукање се случи утрово во автобус за транзит на округот Мајами-Дејд пред трговски центар.
Службениците добиле повик од службата за брза помош околу 3 часот по полноќ.
Инспекторите соопштија дека возачот на автобусот влегол во вербална расправија со патниците.
За време на расправијата, возачот извадил пиштол и застрелал двајца патници, кои биле пренесени во болница во критична состојба, па починале од повредите.
Shooting on Miami-Dade Transit bus in Miami Gardens kills 2. #Florida
Driver argued with passengers, opened fire around 3 a.m. Sunday.
Victims died at hospital. Driver detained, charges unclear.
Investigation ongoing at shopping plaza crime scene. Motive and passenger… pic.twitter.com/M1ZwaIJDZn
— GeoTechWar (@geotechwar) March 30, 2025
Сè уште не е јасно што ја предизвикало расправијата што довела до пукањето.
Возачот на автобусот е приведен во полиција.
Свет
(Видео) Чистач на прозорци виси од облакодер кога удира земјотресот, се излева и вода од базенот

Разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар пред два дена, а беше почувствуван и во Тајланд.
На интернет кружат различни видеа од тие области, а едно од нив го покажува можеби најголемиот страв што човек може да го доживее.
Снимката покажува човек како ги чисти прозорците на облакодер кога земјотресот го погодува Бангкок.
Ситуацијата дополнително се влошила кога поради потресите почнала да се излева вода од базенот на врвот на облакодерот.
OMG, we are living in a movie!
This was in Bangkok during yesterdays M7.7 earthquake that hit Myanmar.
That poor window cleaner 😱
I thought it was Ai but apparently it isn’t. pic.twitter.com/fqhPF6pAVH
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) March 29, 2025
Сигурно ги доживеа најтешките секунди од животот кои никогаш нема да ги заборави. За среќа, зградата не е урната.
На интернет вирално е уште едно видео, на кое пак може да се види базен кој почнува да се излева за време на потресот.
Иако епицентарот бил во Мјанмар, земјотресот бил толку силен што облакодер во Тајланд се урнал за неколку секунди.
Американскиот геолошки институт предвидува дека бројот на загинати од овој земјотрес би можел да надмине 10.000.
Владата на Мјанмар прогласи вонредна состојба во шест региони и апелираше за меѓународна помош. Земјите како Кина, Русија и Индија, како и организации како Обединетите нации, веќе ветија поддршка за напорите за спасување и обнова.