Црна хроника
Сообраќајна несреќа меѓу три возила кај Групчин: повредени две лица, од кои едно потешко
Вчеравечер, во 21.50 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово – Скопје, кај тетовското село Групчин, се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале три патнички моторни возила: „фолксфаген голф“, со италијански национални ознаки, управувано од Ш. Р. (38) од скопско Бојане, „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Ј. Ј. (58) од тетовско Ларце, и „опел“, исто така со тетовски регистарски ознаки, управувано од У. Б. (35) од тетовски Лисец.
Во несреќата сопатничката од возилото „опел“, С. Б. (35) од Лисец, добила тешки телесни повреди, а возачот на „опелот“ и сопатничката од возилото „мерцедес“, Ф. Ц. (49), телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде што биле пренесени за укажување лекарска помош.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнат работник од ЕВН во Горно Нерези
Во полицијата вчера беше пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ бил донесен 50-годишниот Т.И. од селото Матка со повреда.
Според пријавеното, истиот ден околу 11:00 часот во село Горно Нерези, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице кое употребило тврди предмети.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанки пријавиле закани и напад од сопрузите со кои се разведуваат
Во два одвоени случаи пријавени во текот на вчерашниот ден, жени од Скопје побарале полициска заштита поради закани и насилство од нивните сопрузи со кои се во бракоразводна постапка.
Вчера во 11:40 часот бил приведен М.К. (31) од Скопје, по пријава од неговата 30-годишна сопруга дека ѝ упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во вториот случај, пријавен во 13:50 часот, 43-годишна скопјанка информирала дека околу 08:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од својот сопруг С.К. (43). СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка измамена за 200.000 денари од „мајстор“ што исчезнал со парите, требало да работи во дворот
Педесетгодишна жена од скопско во полицијата пријавила дека била измамена од лицето В.„Н“ за износ од 200.000 денари.
Според пријавата, тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но по земањето на парите престанал да одговара на повиците.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

