Македонија
Носител во Петтата изборна единица е генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, објави Николоски
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање го потврди Ѓорѓија Сајкоски за носител на ВМРО-ДПМНЕ во петтата Изборна единица.
„Во однос на носител во петтата Изборна единица можам да го потврдам Ѓорѓија Сајкоски генералниот секретар на партијата ВМРО-ДПМНЕ за носител во петтата Изборна единица. Сметам дека имаме одлично решение, тој долги години беше еден од најуспешните претседатели на Општински комитети во ВМРО-ДПМНЕ, го водеше Општинскиот комитет во Кичево кој секогаш постигнува фантастични резултати за ВМРО-ДПМНЕ. Како генерален секретар е дел од оваа нова приказна на ВМРО-ДПМНЕ која ќе значи убедлива победа на претседателските и парламентарни избори. Така што во петка одиме со Сајкоски“, истакна Николоски.
Потпретседателот Николоски истакна дека промоцијата на пратеници согласно законските правила, најпрво треба да ги достават листите до ДИК, да бидат прифатени, а потоа секако ќе има промоција, а во недела ќе има промоција на програмата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

