Црна хроника
Кривична пријава против поранешен градоначалник на Свети Николе за злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Свети Николе, С. В. (53), осомничен за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Како што соопшти МВР, тој во 2021 година за реализација на проектот за изградба на фекална канализација во населеното место Рудина, спротивно на законските одредби и со пречекорување на своите овластувања, спровел јавна набавка и склучил договор со приватна фирма во вредност од 1.649.400 денари, а во текот на градбата бил склучен и анекс-договор во вредност од 329.806 денари за непредвидени и дополнителни работи.
„Во исто време, во 2021 година, повторно спровел јавна набавка за тампонирање и чистење на улиците во Свети Николе со градежна механизација во вредност од 2.500.000 денари со друго правно лице, кое, по неговото одобрение, спротивно на одредбите од договорот, го ископало ровот за фекалната канализација. По преземените мерки, било утврдено дека за проектирана вредност на фекалната канализација од 1.996.082 денара биле платени вкупно 4.761.957 денари“, наведува Министерството за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.
Црна хроника
Малолетни девојчиња тепале врсничка, ја снимале, а видеото го објавиле на социјалните мрежи

Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, Д.М.(39) од с.Бардовци, скопско, пријави дека на 09.10.2025 околу 13:00 часот на игралиште на подрачјето на Карпош во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички, а настанот бил снимен со телефон и споеделен на социјални мрежи.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Малолетник од Скопје натепан, па удрен со возило

Малолетник од скопски Сарај вчера бил нападнат од две лица, кои подоцна го удриле и со возило пред трговски центар.
Според информациите на полциијата, на 10.10.2025 околу 16:00 часот во СВР Скопје, малолетник од село Сарај, скопско, пријави дека пред средно училиште на подрачјето на општина Сарај, скопско, бил физички нападнат од И.С.(18) од с.Глумово, општина Сарај и уште едно лице, при што едниот употребил тврд предмет.
Според пријавеното, подоцна и пред трговски центар на подрачјето на Сарај во Скопје го удриле со патничко возило „сеат леон“.