Македонија
Бојмацалиев: Со специјални возила и нови пловни објекти за надзор, гарантирана безбедноста на јужната и западната граница

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски беше во работна посета на Ресен каде што по средбата со раководството на ОВР Ресен, оствари средби и со раководствата на полициската станица за граничен надзор „Маркова нога” и полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стење”, во рамки на серијата посети што ги реализираме во сите сектори ширум земјава како би се запознале одблиску со постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и со евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.
Од страна на раководствата на овие две организациски единици при МВР, Бојмацалиев и Тасевски беа брифирани за поволната безбедносна состојба на македонско-грчката и македонско -албанската граница,особено за зелената граница која тие ја обезбедуваат.
„Со задоволство можам да информирам дека од страна на ракововодството на полициската станица ,,Маркова нога” немаме регистрирано кривични дела во овие два месеца, а 2023 беше завршена со пет кривични дела во делот на бесправна сеча на шуми. Во однос на Полициската станица за граничен премин и граничен надзор ,,Стење ”, Бојмацалиев беше брифиран за намалениот проток на патници на јужната граница, а беше упатена и благодарност за набавката на глисер со кој се олеснува надзорот над Преспанското Езеро. Воедно беше истакнато дека и двете организациски единици имаат добра меѓусебна соработка, а одлична е соработката и со ОВР Ресен, како и тоа дека постапуваат по заеднички планови на СВР Битола, РЦ Југ и Запад.
Меѓу другото, стана збор и за планот за реконструкција на двата објекта, со цел обезбедување подобри услови за работа, а со тоа и повисоки резултати. Во делот на опремување, сите регионални центри за гранични работи се опремени со специјални возила за надзор во вредност од 10 милиони евра, а во наредниот период се очекуваат и 8 дрона, по два за секој РЦ, информираат од неговиот кабинет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Почнувајќи од 3 септември, во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Денеска сончево со умерена облачност, следува период на претежно стабилно време

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на претежно стабилно време. До недела ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен северен ветер.
Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.