Македонија
СДСМ: ДПМНЕ фатени во лага, дали ги фалсификуваа потписите за Силјановска?

Откако не собраа валидни и законски потписи за нивната кандидатка, Гордана Силјановска, прашањето е дали ДПМНЕ ги фалсификуваа потписите за кој наголемо и помпезно се фалеа дека биле во огромен број и собрани за неколку часа? Како што ДПМНЕ ги лажира анкетите, така се обиде да ги лажира и потписите за Силјановска, ама не успеа, се вели во соопштението од СДСМ.
– Бидејќи не собраа валидни потписи за својата кандидатка, ДПМНЕ ја поднесе кандидатурата во ДИК со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани. Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани, а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ. Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска немаат поддршка од граѓаните, а најстрашното од се,е што повторно ги излажаа граѓаните, – велат од партијата.
Оттаму додаваат дека „во ДПМНЕ ништо не е променето, тоа е истата партија од минатото која функционира со ширење лаги. На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата и партиски послушник, или реприза на Иванов. Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.