Спорт
Нова пол-позиција за Ферстапен – Холанѓанецот најбрз во квалификациите пред ГН на Австралија

Макс Ферстапен и на третата трка во сезоната ќе стартува од пол-позицијата. Холанѓанецот беше најбрз во квалификациите за Големана награда на Австралија.
Ферстапен пол-позицијата ја освои со време 1:15:915. Тоа беше 35. пол во кариерата за 26-годишниот возач, кој во Австралија ќе се бори за 57. триумф во Ф1 кариерата.
Единстен кој го пратеше темпото на Ферстапен беше возачот на Ферари, Карлос Саинц кој го освои второто место.
Серхио Перез, тимскиот колега на Верстапен, ќе стартува трет на гридот во недела (+0,359 с.), четврти Ландо Норис, а петти Шарл Леклер, кој направи голема грешка во последниот сектор од последниот круг.
Меѓу првите десет во квалификациите се најдоа Оскар Пјастри, Џорџ Расел, Јуки Цунода, Ленс Строл и Фернандо Алонсо. Поранешниот шампион Луис Хамилтон не успеа да се квалификува за „Q3“, па во Мелбурн ќе стартува како 11-ти.
Трката во Мелбурн е закажана за во недела рано наутро по македонско време, стартот е закажан за 05:00 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ се врати на победнички патеки во Франција

Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер.
Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на полувреме, а во вториот дел дефанзивата на гостите не издржа повторно – уште еден гол од стопер донесе конечен резултат.
Лукас Бералдо се запиша како стрелец за конечни 2-0, постигнувајќи го својот прв гол сезонава, а третиот во кариерата за „светците“.
Спорт
Палиња е спасителот на Тотенхем

Тотенхем извлече реми (1-1) и освои бод против Вулверхемптон во Лондон, иако беше во губитничка позиција. Португалецот Жоао Палиња постигна гол за израмнување во 91. минута, спасувајќи го тимот на Томас Франк од пораз.
Тотенхем немаше најдобра вечер против последнопласираниот тим во Премиер лигата. Вулверхемптон поведе во 54. минута преку Сантијаго Буено, а „спарс“ долго време не успеваа да одговорат.
Сепак, добра акција во финишот од мечот резултираше со бод за тимот од Лондон.
Спорт
Интер рутински го победи Калјари

Интер со успех се враќа од гостувањето на Сардинија, откако го победи Калјари со 0-2. Тимот на Кристијан Киву го контролираше натпреварот и заслужено стигна до триумф.
Гостите од Милано поведоа уште во осмата минута преку Лаутаро Мартинез.
Победата ја потврди младиот Пио Еспозито со гол во 82. минута, по одличната асистенција на Федерико Димарко.