Црна хроника
Пешак и мотоциклист тешко повредени во сообраќајни несреќи во Велес

На 22.03.2024 околу 16.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Р-1102 во Велес, во близина на црквата „Св. Петка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(39) од Велес и мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(20) од Велес. Во несреќата, мотоциклистот Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.
На 22.03.2024 околу 17.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“, на место викано „Багремче“, во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(39) од Велес, удрило во пешакот Ц.М.(77) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.М., констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Норвежанец приведен на аеродромот во Скопје, се однесувал агресивно

44-годишен државјанин на Норвешка бил приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако за време на летот од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обид полициските службеници да разговараат со него, мажот продолжил да се однесува агресивно и кон нив, попречувајќи го извршувањето на службените дејствија.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
46-годишна жена физички нападната од својот партнер

Четириесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер во домот каде што престојува, на подрачјето на општина Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 јуни околу 22:00 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 7 јуни, околу 02:30 часот. Осомничениот С.А. (50) оштетил и дел од покуќнината.
Од МВР информираат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.