Свет
Марихуаната ќе биде легална во Германија од први април
Поседувањето и одгледувањето канабис во домашни услови ќе стане легално во Германија на 1 април откако законот ја помина и последната пречка и беше усвоен во Бундесрат, телото кое ги претставува сојузните покраини.
Сите граѓани постари од 18 години ќе смеат да поседуваат до 25 грама марихуана и да одгледуваат најмногу три стебла дома.
Од 1 јули, некомерцијалните клубови за канабис ќе можат да снабдуваат до 500 членови со најмногу 50 грама марихуана месечно.
„Се надеваме дека ова е почеток на крајот на црниот пазар“, изјави германскиот министер за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Ние сме во состојба на борбена готовност, Западот ризикува глобален конфликт: Путин од Црвениот плоштад по повод Денот на победата
Во денешниот говор од Црвениот плоштад рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот дека ризикува глобален конфликт и рече дека никој нема да смее да ѝ се заканува на најголемата нуклеарна сила во светот додека Русија ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Додека руските трупи напредуваат против украинските сили поддржани од Западот, Путин ги обвини арогантните западни елити дека заборавиле на одлучувачката улога на Советскиот Сојуз во поразот на нацистичка Германија и поттикнувањето конфликти во светот, пишува „Гардијан“.
„Знаеме до што водат таквите амбиции. Русија ќе направи сѐ за да спречи глобален конфликт“, рече Путин.
„Но, во исто време нема да дозволиме никој да ни се заканува. Нашите стратешки сили се секогаш во состојба на борбена готовност“.
Свет
Харази: Не планиравме да направиме нуклеарна бомба, но ако опстанокот на Иран е загрозен, нема да имаме друг избор
Иран ќе мора да ја промени својата нуклеарна доктрина доколку Израел му се закани, изјави советникот на врховниот лидер на Иран, Камал Харази, предизвикувајќи загриженост за иранското нуклеарно оружје.
„Не планиравме да направиме нуклеарна бомба, но ако опстанокот на Иран е загрозен, нема да имаме друг избор, освен да ја промениме нашата воена доктрина“, рече Харази, објави иранската Студентска вести мрежа додавајќи дека Техеран веќе објавил дека има потенцијал да се направи такво оружје.
Врховниот водач на Иран, Али Хамнеи, го забрани развојот на нуклеарно оружје со фатва на почетокот на 2000-тите повторувајќи ја својата позиција во 2019 година кога изјави дека „изградбата и складирањето нуклеарни бомби е погрешно, а нивната употреба е религиски забранета.
Но, во 2021 година тогашниот ирански министер за разузнавање рече дека притисокот на Западот може да го принуди Техеран да работи на нуклеарно оружје.
„Во случај ционистичкиот режим (Израел) да ги нападне нашите нуклеарни постројки, ние повеќе нема да се двоумиме“, додаде Харази.
Во април Иран и Израел достигнаа историски максимум, при што Техеран директно лансира речиси 300 проектили и беспилотни летала кон Израел како одмазда за непотврдениот израелски напад врз комплексот на иранската амбасада во Дамаск, кој резултира со жртви. Иран ги развива своите нуклеарни постројки во последните години тврдејќи дека тие служат чисто цивилни цели.
По долготрајните преговори поради загриженоста дека Техеран би можел да развие нуклеарно оружје, Иран потпиша нуклеарен договор во 2015 година, со кој драстично се ограничува збогатувањето со ураниум и ја овластува Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да врши строги инспекции.
Оттогаш САД се повлекоа од договорот во 2018 година за време на тогашниот претседател Доналд Трамп, а Техеран почна да збогатува со ураниум.
Неодамна, поранешните водечки ирански политичари навестија дека земјата сега е технички способна да произведува нуклеарно оружје.
Регион
Вучиќ до Силјановска-Давкова: Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме на зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија
Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ ја честита победата на Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија.
„Ѝ честитам на Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседател на Северна Македонија и ѝ посакувам успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија, со цел напредок и благосостојба на нашите народи, како и просперитет на целиот регион“, изјави Вучиќ на платформата „Икс“.
„Многу ми значат вашите честитки“, му одговори Силјановска-Давкова на Вучиќ по упатената честитка.
„Вашите искрени честитки ми значат многу, претседателе Вучиќ. Очекувам дека ќе продолжиме да работиме на подобрување на одличните македонско-српски односи. Ви благодарам многу, претседателе Вучиќ“!, напиша таа во својот одговор на социјалната мрежа X.