Контакт

Македонија

Измена на режимот на сообраќај на патот Прилеп – Битола поради градежни активности

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година.

Од 18.03.2024 г. има измена на режимот на сообраќај на државниот пат Р1101, делница Прилеп – Битола, заради интезивирање на градежните активности во врска со проект Санација на патот, кај мост на река Шемница.

Uncategorized

Ниту еден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ не призна вина

Објавено пред

Ниту еден од 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, не признаа вина.

dobivaj vesti na viber

Многумина од нив изразија длабоко сочувство, а некои побараа да бидат ослободени затоаш не знаат зошто се во судницата.

Првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на „Пулс“, кажа дека не чувствува вина.

„Не се чувствувам за виновен за кривичните дела што ми се ставаат на товар“, кажа Јованов во судницата.

Обвинетиот, Митко Стојанов кој бил директор на фирмата „МММ Кафе“ на чие име била една од лиценците за дискотеката, кажа дека искрено жали за починатите и болката на семејствата.

„Кога би можел животот би го дал за некои од нив, не се чувствувам за виновен“, рече тој.

Милка Едровска, вработена во „Венци проект“ која го изработила проектот за дискотеката и е обвинета дека изготвила лажен основен проект за клубот, рече дека не се чувстува виновна и изрази длабоко сочувство до семјествата на починатите и посака побрзо оздравување на повредените.

„Јас ја знам нивната болка, ја имам истата болка“, рече Едровска, а тоа предизвика револт кај семејствата на починатите кои беа во судницата кои и дофрлија: „Седи ма таму“.

Тука судијката Диана Груевска – Илиевска повика за ред во судницата.

„Да работиме во тишина и мир“, рече судијката.

И Тодор Јованов, братот на Дејан Јованов, рече дека не се чувствува виновен.

Поранешниот општински градежен инспектор, Огњен Ѓеоргиев, е пензионер кому не му е јасно зошто е ставен во обвинението и зошто е во судницата.

„Јас сум пензионер и да има некакво дело, тоа е застарено. Немам никаква вина и треба да бидам ослободен. Тука сум веројатно зошто треба да има бројка за да нѐ има повеќе, треба да бидам ослободен“, рече тој.

Љупчо Стаменков, општинскиот градежен инспектор кој една година бил на должност, рече дека не се чувствува виновен и не знае зошто се води постапка против него.

„Немав никакви напатствија за објектот и воопшто не сум го посетил“, рече тој.

Не признаа вина ниту тројцата поранешни градоначалници на Кочани Ратко Димитровски, Николчо Илијев и Љупчо Папазов.

Управителот на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Јане Јанчевски, изрази сочувство до родителите и посака побрзо закрепнување на повредените.

„Сите заедно ја бараме правдата. Да не осудуваме предвреме“, рече Јанчевски.

Ивица Грозданов, кој работел како обезбедување во кобната ноќ, рече дека не чувствува вина и не разбира зошто е во обвинението.

„Три часа помагав да спасиме што повеќе животи, не треба да бидам обвинет“, рече Грозданов.

Слична беше и изјавата на Мартин Ѓоргиев, кој , исто така, работел како обезбедување.

„Ние како обезбедување го ризикувавме сопствениот живот за да спасиме што е можно повеќе луѓе“, рече тој.

И обезбедувачот Стојанче Димитриев кажа дека не чувствува вина туку голема болка и тага оти загубил голем број пријатели, а и тој дал сѐ од себе за да спаси што е можно повеќе животи.

Министерот без ресор Шабан Салиу и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) вели дека се работи за политички монтирано и правно неиздржано обвинение.

Директорите на ДЗС Аднан Џаферовски, Беким Максути и Џевад Селами, кажаа дека не чувствуваат вина и изразија сочувство до семејствата на починатите.

И поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Крешник Бектеши кажаа дека не чувствуваат вина и сочувствуваа со семејствата на починатите и повредените.

Раководителот на сектор во Министерство за економија Зоран Николовски рече дека како родител ни на сон не помислил на ваква трагедија и нагласи дека 13 години не работи во Министерството и не се чувствува за виновен.

Откако сите обвинети изјавија дека не чувствуваат вина, судијката даде пауза. Судењето ќе продолжи со воведни зборови на бранителите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николоски: Потребни се координирани активности за побезбеден сообраќај, безбедноста во сообраќајот е непроценлива

Објавено пред

Безбедноста на сообраќајот е заедничка одговорност на државата, на единиците на локалната самоуправа и на сите учесници во сообраќајот. Безбедноста не е само формално почитување на правилата, тaa е култура на однесување кои ги штити животите, истакна вицепремиерот Александар Николоски во своето обраќање на Националната конференција ”Безбедност во сообраќајот во единиците на локланите самоуправи.”

dobivaj vesti na viber

Патната инфарструктура што ја креираме мора да биде безбедна по проект, да ги минимизира ризиците и да нуди услови за безбедно движење за пешаците, велосипедисти, моторни возила и лицата со делумна подвижност. Безбедноста мора да стане основен критериум во плановите и проектите што ги правиме, додаде вицепремиерот Николоски.

“ Во рамки на Министерството за транспорт се работи на неколку стратешки насоки и тоа Националната транспортна стратегија 2018–2030 поставена е амбициозна, но неопходна цел – намалување на бројот на загинати лица на патиштата за 50 % до 2030 година затоа што бројките се лоши, Македонија е во врвот и се надевам дека со МВР ќе ги подобриме работите. Ја унапредуваме националната регулатива за безбедни патишта преку измена на законски решенија, користење на податоци за идентификација на црни точки и нивно минимизирање, креирање на урбанистички планови со безбедна инфраструктура. Ги подржуваме и соработуваме со општините за развој на локални проекти во дел на модернизација на раскрсници, воведување мерки за смирување на сообраќајот, изградба на тротоари и велосипедски патеки. Со Правилникот, велосипедските патеки за прв пат се категоризирани бидејќи до сега беа на доброволна основа, сега се задолжители. Промовираме Интелигентни транспортни системи, обврска што ни е зададена и со Планот за раст на ЕУ. Во овој момент Светска банка води постапка за поставување на ИТС на Коридор 10, над 13 милиони евра се грант за овој проект и за некаде година и половина ќе имаме целосно дигитализиран автопат од границата со Србија со границата со Грција. Веќе се работи на слична апликација и за Коридор 8 ” истакна вицепремиерот Николоски.

Активностите за безбеден сообраќај на патиштата мора да бидат координирани и заеднички интероперабилно да се решаваат сите предизвици, додаде Николоски, кој потенцира дека активностите треба да бидат насочени кон долгорочни цели и активности.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски од Ѓорче Петров: Започна изградбата на нова детска градинка во населба Дексион

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на почетокот на изградбата на новата детска градинка во населбата Дексион во Ѓорче Петров.

dobivaj vesti na viber

„Ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата, на пратениците коишто доаѓаат од овој дел на Скопје за залагањето, за трудот, за амбицијата да тоа коешто претставува акутен проблем би рекол, а тоа е обезбедување на услови за дечињата да бидат сместени во градинките да се решава. Неколку градинки одеднаш се градат овде и убеден сум дека за многу кусо време од денеска листата на чекање веќе нема да биде листа на чекање туку секое дете коешто ќе сака да оди во градинка, односно коешто ќе има потреба од сместувачки капацитет ќе го има и истиот, и тоа е во насока на пролајф или про семејните политики на оваа Влада, бидејќи вие не можете да работите на кампања за зголемување на фертилитетот, а од друга страна да не ги овозможите сите услови за да можат дечињата да одат во градинка.

Така што продолжуваме и понатаму да се залагаме за тие про семејни политики и вредности“, кажа Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Uncategorized1 минута

Ниту еден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ не призна вина

Ниту еден од 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 63 лица,...

Економија53 минути

(Видео) Потврден квалитетот и безбедноста на македонското злато во Трезорот на Банката на Англија, извести Народната банка

Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и неговиот тим имаа...

Македонија1 час

13 мобилни телефони и лаптоп најдени во ќелија на обвинет за „Пулс“: судијката го предупреди дека му следува самица

На почетокот на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судијката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен...

Македонија2 часа

(Фото) Голема акција за чистење во општина Кисела Вода

Од утрово, во координирана заедничка акција на Општина Кисела Вода, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, се спроведува...

Македонија2 часа

Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1.300 до 1.800 евра

Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа. Во изминатиот период извршени се надзори на 30...

Македонија3 часа

Мицкоски се огради од народот, сега на камерите во Скопје може да види колку е паднат стандардот на граѓаните, велат од СДСМ

„За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои...

Македонија4 часа

Трето судење за „Пулс“: нов обид за воведни зборови на одбраната

Судењето за дискотеката „Пулс“, во која загинаа 63 лица и речиси 200 беа повредени, продолжува денеска со трето рочиште. Се...

Свет4 часа

САД размислуваат за копнен напад врз Венецуела; Мадуро: Подготвени сме да се браниме

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека неговата земја е подготвена да се одбрани додека САД размислуваат за копнен напад....

Свет4 часа

Виткоф и Кушнер денеска се среќаваат со Путин во Москва

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, ќе се сретнат со рускиот претседател...

Свет5 часа

Белата куќа е многу оптимистична во врска со мировните преговори во Украина

Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со шансите за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави нејзината...

Регион6 часа

(Видео) Илјадници протестираа против владата во Бугарија, луѓето се судрија со полицијата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Софија за да протестираат против буџетскиот план на бугарската влада за следната година, првата...

Европа14 часа

Кремљ: Го освоивме Покровск

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави...

Свет14 часа

Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денес изјави дека неодамнешниот преглед со магнетна резонанца на Доналд Трамп бил превентивен по...

Македонија17 часа

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на...

Македонија18 часа

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина...

Македонија21 час

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...

Македонија1 ден

Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена

Камерите поставени на сообраќајниците во Скопје од денеска ќе снимаат, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од...

Македонија1 ден

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта,...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на Стража на автопатот Гостивар – Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8, на релацијата Скопје –...

Македонија1 ден

Синдикатот на вработените на клиниките против реорганизацијата – прераспределбата на кадри може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центрите, клиничките болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) предупредува дека предложената внатрешна...