Скопје
Неколку скопски општини денеска без струја

Според добиеното известување од „ЕВН Македонија“ АД, Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Сарај, Ѓорче Петров и Зелениково.
Од 10 до 15 часот корисниците на дел од улицата 4 во Сарај, патот кон Љубин, во општина Сарај, ќе немаат струја.
Од 9 до 12 часот струја ќе немаат корисниците од улицата Борка Талески, од улицата Никола Тримпаре до улицата Ленинова, улицата Никола Тримпаре од улицата Борка Талески до улицата Ленинова, улицата Дебарца од улицата Ленинова до улицата Никола Тримпаре во општина Центар.
Од 9 до 15 часот корисниците на дел од улиците Борис Сарафов, Апостол Петков и Георги Казепов (во близина на раскрсницата) во општина Ѓорче Петров ќе бидат без електрична енергија.
Oд 9 до 15 часот корисниците на дел од село Зелениково (делот кај млекарницата) во општина Зелениково ќе останат без струја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)