Спорт
Баерн најде тренер, ќе плати отштета до 10 милиони евра

Баерн Минхен и Томас Тухел спогодбено ќе се разделат на крајот од сезоната. Тухел не ги исполни очекувањата, минатата сезона среќно ја освои титулата, но оваа Баварците на осум кола до крајот на сезоната имаат десет поени помалку од Баер Леверкузен.
Челниците на Баерн, од моментот кога објавија дека Тухел нема да го предводи тимот наредната сезона се во потрага по нов тренер. Најголема желба им е Чаби Алонсо, но за 44-годишникот е заинтересиран, а не е исклучена можноста тој да остане во Леверкузен.
Пим број 2 е Роберто Де Зерби и како што сега стојат работите тој ќе боде новиот тренер на Баерн. Спортскиот директор Ербел има средба со Италијанецот и биле задоволни од она што го слушнал.
Сепак, Баерн ќе мора брзо да дејствува со оглед на тоа што има и други заинтересирани клубови. Доколку Де Зерби се согласи да го преземе Баерн, неговиот клуб Брајтон нема да му биде пречка, клубот ќе заработи 10 милиони евра, колку што изнесува отшетата која Баерн се согласил да ја плати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ромеро: Никогаш не сакав да го напуштам Тотенхем

Кристијан Ромеро изјави дека во ниту еден момент не сакал да го напушти тимот ова лето. Аргентинецот изјавата ја даде пред потпишувањето на новиот договор со Тотенхем.
Бројни клубови беа заинтересирани за Ромеро и се шпекулираше дека ќе се пресели во Атлетико Мадрид, но тој сепак го продолжи договорот со Тотенхем и беше именуван за капитен.
Тој ја одигра секоја минута од почетокот на сезоната, постигна гол во финалето на Европскиот Суперкуп и има асистенција во Премиер лигата.
„Никогаш не реков дека сакам да го напуштам клубот. Ништо такво не дојде од мене. Важно е што велат тренерот и претседателот. Многу сум среќен тука, ова ми е како семејство. Го сакам тренерот, го сакам неговиот стил и начинот на кој тренира. Секогаш можеме да подобриме некои работи, но мислам дека сите тука на сите нивоа работат добро за да напредуваме“, рече Ромеро, објави специјализираниот фудбалски портал „Гол“.
Тотенхем игра во Лигата на шампионите оваа сезона, откако ја освои Лигата на Европа минатата сезона. Во првиот натпревар, Тотенхем ќе го пречека Виљареал вечерва во 21:00 часот.
Foto/ EPA
Спорт
Матео Францозо (25) почина во Чиле

Италијанскиот скијач Матео Францозо трагично го загуби животот еден ден пред неговиот 26-ти роденден откако падна за време на тренинг во Чиле.
Несреќата се случи два дена претходно на патеката во Ла Парва, од каде што беше префрлен со хеликоптер во Сантијаго, главниот град на јужноамериканската земја.
Момчето од Џенова помина два дена во индуцирана кома пред лекарите да го прогласат за мртов. Немаше начин да се спаси по бројните и тешки повреди на главата.
Францозо се натпреваруваше во најопасните дисциплини на алпско скијање – спуст и супер велеслалом.
Во својата кариера, тој забележа една победа во Европскиот куп, во супер велеслалом во Чинал, Швајцарија, додека две години подоцна стана шампион на Италија во алпска комбинација.
Двапати заврши меѓу првите 30 на трките од Светскиот куп – беше 28-ми во 2023 година во Кортина д’Ампецо и минатиот февруари во Кранс-Монтана, Швајцарија, каде што заврши 30-ти – двата пати во супер велеслалом.
Скијачкиот свет се збогува со Матео. Во соопштението на Светската скијачка федерација се огласија бројни скијачи од самиот светски врв.
„Моите мисли и емоции се со семејството на Матео, пријателите, тимот и целата наша заедница“, напиша Микаела Шифрин, а слични коментари оставија и Феликс Нојретер, Кјетл Јансруд, Александар Амодт Килде, Марко Шварц, Дидие Куше, Аксел Лунд Свиндал…
Но, покрај изразувањето сочувство, многу стручњаци и фанови повикуваат на зголемена безбедност.
„Оваа трагедија сега бара достоинствено молчење поради тагата на неговото семејство, пријателите и колегите во големото скијачко семејство. Сепак ќе биде потребно посилно да се справиме со прашањето за безбедноста, патеките со несериозна заштита или со лошо одржување. Сериозни проценки, одлуки, акции. Нека сеќавањето на Матео, кој утре ќе наполнеше 26 години, биде поттик за спречување на други слични трагедии“, рече италијанската новинарка Лиа Капици.
Спорт
Арсенал без капитенот во Шпанија

Капитенот на Арсенал, Мартин Одегар, ќе го пропушти претстојниот натпревар против Атлетик Билбао во првото коло од Лигата на шампионите поради повреда.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека Едегор не е со тимот во Шпанија, откако се повреди во саботата на натпреварот против Нотингем Форест (3:0) во Премиер лигата.
„Габриел Жезус, Каи Хаверц, Бен Вајт и Мартин Одегар се отсутни, за жал“, рече Артета, за „Скај Спортс“.
Одегар го напушти натпреварот во 17-та минута откако падна на десното рамо по дуелот со Морган Гибс-Вајт.
Ни Одегар ниту Букајо Сака, кој има проблеми со повреда на тетивата, не тренираа со тимот пред мечот во Билбао.
Сака се повреди против Лидс на 23 август и ги пропушти последните два натпревари, а Артета рече дека нема информации за враќањето на англискиот репрезентативец во составот.
„Мислам дека сè уште има многу работи што треба да се поминат. Прерано е да се знае за кој натпревар ќе биде достапен, но сигурно ќе се обиде да го направи што е можно поскоро“, додаде шпанскиот тренер.
Дефанзивецот на Арсенал, Вилијамс Салиба, кој го пропушти натпреварот против Форест, тренираше со соиграчите. денес.
Натпреварот од првото коло на Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Атлетик ќе се игра во вечерва во 18:45 часот во Билбао.