Македонија
Пендаровски прв, Силјановска втора, Димитриевски последен на гласачкото ливче за претседател
Со ждрепка во ДИК беше утврден редоследот на претседателските кандидати на претстојните избори. На седницата, претседателот на комисијата, Александар Даштевски информираше за потврдените листи на кандидати за Претседател на државата и за процедурата за спроведување на ждрепката.
Прв на ливчето ќе биде претседателот Стево Пендаровски поддржан од СДСМ.
Под број 2 ќе биде кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ – Гордана Силјановска-Давкова, трет градоначалникот на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
Под бројот четири на гласачкото ливче ќе биде кандидатот на ДУИ, актуелниот шеф на дипломатијата Бујар Османи, петта ќе биде кандидатката на Левица, Билјана Ванковска-Цветковска, шести кандидатот поддржан од опозициските партии на Албанците обединети во коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари.
Седми последен на гласачкото ливче ќе биде кумановскиот градоначалник и лидер на Движењето ЗНАМ – Максим Димитриевски.
Првиот круг од претседателските избори е закажан за 24 април. Доколку ниту еден од кандидатите не го добие потребниот број гласови, вториот круг ќе се одржи две недели подоцна, на 8 мај, во кој ќе влезат двајца кандидати со најголем број освоени гласови во првиот круг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

