Свет
Во Флорида пристапот до социјалните мрежи е забранет за деца помлади од 14 години

Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис потпиша закон со кој на децата помлади од 14 години им се забранува пристап до социјалните мрежи и се бара согласност од родителите за децата да ги користат овие платформи.
Освен тоа, законот налага да се укинат постоечките профили на деца под 14 години кои немаат родителска согласност, пренесува Ројтерс.
Претходно, ДеСантис стави вето на нацрт-законот со кој се забранува користење на социјалните мрежи на сите деца под 16 години, додека во изменетата верзија, родителите на 14 годишните деца можат да дадат согласност за користење на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум бесен на Путин и тој го знае тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе воведе секундарни царини од 25 до 50 отсто за целата руска нафта доколку утврди дека Москва ги попречува неговите напори да стави крај на војната во Украина. Овие мерки би можеле да стапат на сила во рок од еден месец доколку не се постигне прекин на огнот.
Трамп изјави за NBC News дека е „многу лут“ и „бесен“ кога рускиот претседател Владимир Путин предложи смена на украинскиот претседател Володимир Зеленски и формирање преодна влада со поддршка на Обединетите нации.
„Нова администрација значи дека нема да има договор долго време, нели? рече Трамп.
„Ако сме на средина на преговори, тогаш можам да кажам дека бев многу лут, бесен, кога Путин вчера почна да го доведува во прашање Зеленски… затоа што тоа едноставно не води во вистинската насока, разбирате?“
Трамп рече дека планира да разговара со Путин оваа недела. За време на претседателската кампања во 2024 година, тој постојано ветуваше дека ќе стави крај на, како што ја нарекува, „смешната“ војна во Украина, а тоа е прашањето на кое се фокусираше откако ја презеде функцијата на 20 јануари. Самиот Трамп повика на нови избори во Украина и во еден момент го нарече Зеленски диктатор.
Свет
Неколку згради во Бангкок се евакуирани како мерка на претпазливост поради последиците од земјотресот

Неколку згради во Бангкок се евакуирани поради извештаи за вибрации и пукнатини кои се појавиле во зградите, објави Бангкок пост.
Bеше објавено и дека во ѕидовите се слушнало пукање, што предизвикало паника кај многу жители, како и кај владините службеници кои живеат во одредени згради во строгиот центар на Бангкок.
Евакуацијата започнала околу 10 часот. Меѓу погодените беа зградите на владиниот комплекс на патот Ченг Ватана, Министерството за труд во областа Дин Даенг и зградите на судот на патот Рачадаписек.
Луѓето беа евакуирани и од седиштето на Државната банка за домување во округот Хуаи Кванг, Кривичниот суд во Рачадафисек и Канцеларијата за социјално осигурување во Дин Даенг.
Свет
Трамп: Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, ќе има проблеми ако го направи тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, пренесоа американските медиуми.
Трамп го предупредил украинскиот лидер дека ќе се соочи со големи проблеми доколку го стори тоа, наведува Ројтерс.
„Тој се обидува да се повлече од договорот за ретките земји. Но, ако го направи тоа, ќе има проблеми, големи, големи проблеми“, им рече Трамп на новинарите.
Зеленски на 28 март, по добивањето на новиот американски нацр-договор, кој според него е „драматично проширен“, изјави дека Киев нема да прифати никаков договор за ретки минерали, кој би ја загрозил интеграцијата во Европска Унија.