Спорт
Македонија загуби од Црна Гора
Foto/FFM.MK
Македонската репрезентација во Анталија, во контролен натпревар загуби со 1:0 од Црна Гора.
Првото полувреме на стадионот „Мардан“ во Анталија мина во наша доминација, но за жал во завршницата Црногорците беа поконкретни и го постигнаа единствениот гол.
Првата закана по црногорскиот гол ја упати Миовски во 6. минута, потоа од околу дваесеттина метри се обиде Елмас, изнудувајќи интервенција на црногорскиот голман. Елмас до полувремето имаше уште два обида. Црногорците упатија еден удар од далечина преку Чамај. Барди имаше опасен обид од слободен удар, меѓутоа биеше крај голот на Црна Гора.
Пред паузата, Црна Гора имаше два корнери и ги опомена нашите фудбалери, меѓутоа ударите завршија во блокот и над пречката. Црногорците не казнија за неефикасноста во финишот на полувремето. Водечки погодок постигна Стеван Јоветиќ кој во 45. минута со глава по корнер го матира Димитриевски.
Во второто полувреме, двајцата селектори наравија неколку измени, интензитетот на играта падна, поради што немаши ниту еден директен удар во кон двата гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Болоња на чекор до пласман во ЛШ
Фудбалерите на Болоња забележаа многу важна победа на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол.
Болоња го победи Наполи со 2:0.
Избраниците на Тиаго Мота, победникот го решија во раната фаза од натпреварот. Најпрво Ендој погоди во деветтата минута, а три минути подцна предноста ја зголеми Пош.
Наполи можеше да ја намали предноста на гостите во 21. минута, но Матео Политано промаши пенал.
Болоња со 18. победа во сезоната дојде на чекор до пласман во Лигата на шампионите, прв во клупската историја.
Во следното коло Болоња ќе го пречека Јувентус.
Спорт
Буденхолцер e новиот тренер на Феникс Санс
Американскиот кошаркарски стручњак Мајк Буденхолцер е новиот тренер на Феникс Санс, објави НБА.
Тој го замени Френк Вогел на клупата на Феникс, кој во четвртокот доби отказ по една сезона во клубот.
Од Феникс не ги соопштија деталите од договорот, а американските медиуми објавија дека договорот е на пет години и е вреден околу 50 милиони долари.
Во 2021 година, Буденхолцер ја освои титулата со Милвоки. Тогаш Буденхолцер со Милвоки го победи токму Феникс.
Феникс никогаш не ја освоил титулата, а во својата 56-годишна историја три пати играл во големото финале.
По пет години во Милвоки, двократниот добитник на наградата за најдобар тренер на НБА, Буденхолцер доби отказ во 2023 година, по што замина на едногодишен одмор.
Спорт
Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо
Динамо Загреб, вечерва ја обезбеди 25.шампионска титула во првенството на Хрватска. „Модрите“ го победија Осиек со 1:0, а титулата ја обезбедија багодарение на поразот на Риека во Вараждин (3:1).
Риека, во минатото коло загуби од Динамо на домашен терен и очигледно по тој пораз остнаа без амбиции. Нивниот пораз од Вараждин го искористи Динамо, победи со голот на Аријан Адеми во 73.минута и ја обезбеди титулата.
Динамо по 25. стана шампион, Хајдук има шест титули, Риека и Загреб освоија по една шампионска титула. Овие четири тима се единствените хрватски шампиони од 1991 година.