Спорт
Двегодишна суспензија за Габигол
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/Gabigol.jpg)
Бразилскиот напаѓач Габриел Барбоса, попознат на фудбалските фанови како Габигол, е суспендиран на две години поради мамење на антидопинг тест.
Тоа значи дека тој ќе биде надвор од теренот до пролетта 2025 година, бидејќи судењето во понеделникот пресуди дека напаѓачот на Фламенго ќе започне да ја отслужува казната од 8 април.
Против него е поднесена кривична пријава за прекршување на процедурата и обид за измама, а има можност да ја обжачи оваа одлука.
Како што пренесуваат бразилските медиуми, Габигол при тестирањето се однесувал непрофесионално, ги игнорирал службениците на антидопинг агенцијата и не ги почитувал пропишаните процедури.
Најпрвин бил суспендиран на четири години бидејќи се обидел да мами за време на тестот, но на крајот доби двегодишна казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Крос: Треба некој да им каже на играчите на Барса дека победа над Реал значи и освоена титула
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/da8d285b-0c71-436e-8732-64f30960bcc9_16-9-aspect-ratio_default_0.jpg)
Тони Крос минатото лето реши да замине во пензија. Последниот меч во кариерата го одигра во дресот на националниот тим, на ЕП, кога во четвртфиналето Германија загуби од Шпанија (1.2).
Тони Крос е убеден дека Реал Мадрид оваа сезона повторно ќе ја освои Ла Лига. Покрај Реал, во борба за трофејот се и Атлетико Мадрид и Барселона, но за легендарниот Германец нема дилема кој прв ќе мине низ целта.
„Реал Мадрид ќе ја освои Ла Лига. Не се сомневам во тоа“, рече Крос и продолжи: „Ќе се води битка за второто место меѓу Атлетико и Барселона. Верувам дека Атлетико ќе ја добие таа битка“, вели поранешната ѕвезда на Реал.
Легендарниот Германец не ја испушти можноста да испрати провокација на адреса на Барселона. На Каталонците им порача дека победите над Реал не се трофеи.
„Барселона како и обично ќе ги слави победите над Реал, но искрено тоа не е трофеј. Ако сакаат да бидат на високо ниво, мора да го сменат својот менталитет“.
Погледот на табелата во Шпанија најаваува жестока борба за титулата до самиот крај. Реал Мадрид е прв со 50 бодови, Атлетико има 49, Барселона 48, а не е далеку ниту Атлетик Билбао со 45.
Спорт
Неста се врати во Монца
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/1734969506-GettyImages-2191096933.jpg)
Алесандро Неста се врати во Монца, откако клубот очекувано му врачи отказ на Салваторе Бокети, по шест порази во седум натпревари.
Шефот на клубот Адријано Галијани веднаш реагираше и реши на тренерската позиција да го врати Алесандро Неста со кого во декември го раскина договорот по поразот од Јувентус.
„Монца објавува дека го отповика отказот за Алесандро Неста, кој ја продолжува својата улога како тренер на првиот тим“, се вели во соопштението на ФК Монца.
Неста го предводеше тимот на 17 натпревари оваа сезона, со една победа, седум нерешени и девет порази. Монца моментално има само 13 бода, осум помалку од Емполи кој е на 17. место во зоната за опстанок во Серија А.
Спорт
Конте: Кога дојдов, не ми рекоа дека целта е шампионската титула
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/antonio-conte-1739177713881-600x340-1.jpg)
Тренерот на Наполи, Антонио Конте се обидува да ги смири емоциите по ремито со Удинезе. Наполитанците синоќа одиграа 1.1 со Удинезе на домашен терен, што во италијанските медиуми е преставено како неуспех.
Навивачите на Наполи вечат дека ова е кикс кон патот до шампионската титула, додека тренерот се обидува да објасни дека тоа не било ни во план.
„Ремито со Удинезе не е катастрофа. Ова е добар тим со добри играчи. Ова не е пропуштена шанса. Да не бегаме од реалноста. Во следните 14 натпревари треба да обезбедиме пласман во европските купови. Тоа беше барањето на клубот кога пристигнав. Ова ги вклучува Лига Европа и Конференциската лига. Сега сме во позиција каде што секој би сакал да биде, но колку сте поблиску до врвот, толку ветровите се посилни. Во последните девет натпревари имаме седум победи и две нерешени, а израмнувачкиот гол против Рома го примивме во 93. минута“, изјави тренерот на Наполи, Антонио Конте.
Тој смета дека неговите фудбалери постигнуваат резултати над сите очекувања.