Македонија
Николоски: Филипче да одговори за неговата улога при набавката на вакцини, модуларната болница и случајот на Онкологија
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на Венко Филипче и ангажманот во Четвртата изборна единица, истакна дека, според него, се работи за потенцијална лидерска битка во СДСМ по изборите и кој да го преземе раководството во СДСМ, но Венко Филипче треба да даде одговори на многу прашања во јавноста, како за набавката на вакцини, модуларната болница во Тетово, случајот на Онкологија и многу други.
„Па од она што можев да го видам од неговиот прв јавен настап по објавувањето на кандидатурата, можам да видам дека се работи за потенцијална лидерска битка во рамките на СДСМ, а и тоа е она што се зборува во ‘четворката’ од луѓето што го поддржуваат дека по изборите, се надева да го преземе раководењето на СДСМ и дека затоа влегува во оваа изборна трка. Тоа си е работа на СДСМ, јас немам што да се мешам тука, но она што мислам дека јавноста сериозно ќе ја интересира е како Венко Филипче да избега од јавноста во последните неколку години, да даде одговори на неколку суштински прашања. Прво, каде е тој во однос на модуларната болница во Тетово, која изгоре, и 14-те човечки животи што беа загубени таму, второ, што мисли за тоа што Македонија имаше меѓу највисоката смртност во корона-пандемијата, трето, каква е неговата улога при набавката на вакцини преку сомнителни фирми од Хонг Конг за трговија со јужно овошје, четврто, каква е неговата улога во процесот на приватизација на стерилизацијата во сите јавно-здравствени установи во Македонија, петто, дали се обидувал или не една приватна болница во Македонија на сила или под притисок да биде продадена на еден бизнисмен од Албанија, шесто, мислам дека е фер да ѝ одговори на јавноста каква е неговата улога во случајот на Онкологија и семејството Пановски и ќе застанам тука, мислам дека е доволно за почеток“, истакна Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

