Спорт
Сари одбил да биде тренер на Нотингем Форест
Италијанскиот тренер Маурицио Сари одбил понуда од Нотингем Форест. „Шумарите“ на поранешниот тренер на Лацио му понудиле тригодишен договор.
Сари си поднесе оставка како тренер на Лацио на 13 март по серија од четири порази во сите натпреварувања.
Како што пренесува „Спорт Италија“, неколку дена по заминувањето од Лацио, челниците на Нотингем Форест стапиле во контакт со претставниците на 65-годишниот тренер за да се информираат дали тој сака веднаш да го преземе тимот.
Сари не бил заинтересиран, бидејќи сака да направи пауза од неколку месеци пред да одлучи за иднината. Се шпекулира дека Сари би можел да ја преземе Фиорентина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Перу го победи Уругвај
Фудбалерите на Перу го победија Уругвај на домашен терен со 1:0, во последниот натпревар од деветтото коло во јужноамериканските квалификации за Светското првенство.
Голот за огромни три бода. го постигна стоперот Мигел Араухо во 88. минута, играч на американски Портланд.
Со оваа победа Перу ги задржа шансите за пласман во Мундијалот во 2026 година.
Перу е претпоследен со шест бода, Уругвај трет со 15. Аргентина е лидер со 19 бодови, Колумбија има 16, Бразил е четврти со 13, Еквадор е петти со 12, исто толку колку и шестопласираната Боливија, а Венецуела е седма со 11.
Над Перу е Парагвај со 10 бодови, а зад „фенерџијата“ Чиле со пет бодови.
Најдобрите шест селекции од Јужна Америка директно ќе се пласираат на СП по 18 одиграни кола, додека седмопласираната ќе оди во интерконтиненталниот плеј-оф.
Спорт
Марка: Би било лошо доколку Реал го врати Серхио Рамос
Реал Мадрид е во криза поради бројните повреди и отсуства кои најмногу ја погодија дефанзивната линија. Повредени се голманот Тибо Куртоа и дефанзивците Едер Милитао, Давид Алаба и Дани Карвахал. Извесно е дека сезоната е завршена за десниот бек, Карвахал.
Откако се повреди Карвахал, дел од шпанските медиуми шпекулираа дека во Реал би можел да се врати поранешниот капитен Серхио Рамос.
38-годишникот е слободен играч откако му истече договорот со Севилја. Дел од навивачите би се согласиле со неговото враќање, но „Марка“, медиум близокдо клуботпишува дека Реал ќе направи голема грешка доколку го врати Рамос.
Главна причина се неговите години, и непишаното правили: „Ако го напуштиш Реал, не враќај се“.
Иако Рамос има култен статус во „кралскиот клуб“, раководството на Реал нема стратегија за потпишување на ветерани. Затоа ни Хари Кејн не дојде пред нешто повеќе од една година. Реал најверојатно ќе се фокусира на доведување на некои помлади играчи, пишува „Марка“.
Спорт
Милано на Димитријевиќ го победи Париз на Шортс
Олимпија Милано го поббеди Париз со 79:74 во второто евролигашно коло. Милано ја забележа првата победа сезонава, додека дебитантот Париз го доживеа вториот пораз.
За македонската јавност мечот во „Медиоланум Форум“ беше интересен поради репрезентативците Ненад Димитирјевиќ и Ти-Џеј Шортс.
Милано победата ја однесе во финишот, откако Париз го контролираше натпреварот во поголемиот дел.
Димитријевиќ натпреварот го заврши со девет поени и три скока, додека Шортс повторно беше најдобра кај Париз. Тој забележа 17 поени, четири скока и осум асистенции.