Свет
Во Колумбија запленети 1,7 тони кокаин: дрогата вредна 50 милиони долари била скриена во контејнери со авокадо

Властите во Колумбија заплениле пратка од 1,7 тони кокаин која била скриена во контејнери со авокадо.
Дрогата била откриена при рутинска проверка на пристаништето Санта Марта.
Дрогата, чија улична вредност во САД е околу 50,8 милиони долари, била наменета за Сетубал, пристаниште кое се наоѓа јужно од португалската престолнина Лисабон.
Портпаролот на полицијата изјави дека дрогата најверојатно му припаѓа на кланот „Глуф“, еден од најмоќните нарко картели во земјата.
Нејзиниот поранешен водач, беше уапсен во октомври 2021 година и екстрадиран во САД во мај 2022 година.
Во јануари 2023 година, тој се изјасни за виновен пред судијата на федералниот суд во Њујорк за шверц на 110 тони кокаин и беше казнет со 216 милиони долари. Тој во август минатата година беше осуден на 45 години затвор.
Полицијата во Колумбија соопшти дека од почетокот на годината запленила 80 тони кокаин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нема знаци на живот под урнатиот облакодер во Бангкок: „Ќе копаме уште“

Гувернерот на Бангкок Чадчарт Ситипунт изјави дека не се откриени знаци на живот во урнатините на облакодер во главниот град на Тајланд, каде што беа заробени повеќе од 70 луѓе.
Спасувачите утрово се подготвуваат да копаат подлабоко, а гувернерот рече дека е подготвена и тешката механизација.
Досега избегнуваа да користат тешка механизација од страв дека зградата може дополнително да се урне. На почетокот на операцијата успеале да лоцираат неколку преживеани под урнатините, но во последните денови се извлечени само тела, вкупно 13 досега.
Чадчарт утрово изјави дека сегашната цел на операцијата е да се извлечат телата на загинатите.
Властите, сепак, се уште официјално не ја нарекуваат оваа операција потрага по тела, јавува Би-би-си.
За потсетување, над 2.000 луѓе загинаа, а 3.400 беа повредени во земјотресот со јачина од 7,7 степени во петокот, еден од најсилните во Мјанмар, објави воената влада. И во Тајланд има загинати.
„Сите воени и цивилни болници, како и здравствените работници, мора да работат заедно на координиран и ефикасен начин за да обезбедат ефективен медицински одговор“, изјави лидерот на хунтата, генерал Мин Аунг Хлаинг, цитиран од државните медиуми.
Свет
Првото патување на Трамп ќе биде во Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека планира да ја посети Саудиска Арабија уште во мај за да потпише инвестициски договор во првото патување во странство од неговиот втор мандат, а планирани се и посети на Катар и Обединетите Арапски Емирати.
„Може да биде следниот месец, можеби малку подоцна“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.
Четири извори информирани за ова прашање рекоа дека средината на мај се смета за најдобро време за патување. Трамп ги направи Саудиска Арабија и Израел првите постојки на неговото инаугуративно патување во странство за време на неговиот прв мандат во 2017 година. Трамп, повторувајќи ги забелешките што ги даде на почетокот на март, рече дека неговото патување во Саудиска Арабија ќе биде за потпишување договори за инвестирање милијарди долари во американската економија, вклучително и купување на воена опрема. Тој посочи дека слични договори ќе бидат потпишани во Катар и ОАЕ.
„Во тие два-три дена ќе се отворат огромни работни места“, рече Трамп.
Други теми за кои веројатно ќе се разговара се тригодишната војна на Русија во Украина и војната во Газа, рече еден извор.
Саудиска Арабија одигра значајна улога во надворешната политика на САД, вклучувајќи го и тоа што беше домаќин на американските разговори за прекин на огнот со Русија и Украина.
Европа
Путин потпиша мобилизација, вика најмногу луѓе во војска во последните 10 години

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за пролетна мобилизација, со кој се наредува регрутирање на 160.000 граѓани на воена служба во периодот од 1 април до 15 јули, јавуваат агенциите.
Во армијата ќе бидат повикани 160.000 руски државјани на возраст од 18 до 30 години, што е за 10.000 повеќе од лани и најголем број регрути во последните десет години.
Путин и овој пат вети дека регрутите нема да бидат испратени на бојното поле. Но, имаше и претходни случаи на заробени и убивани регрути за време на нејзината „специјална воена операција“ во Украина, како што Кремљ ја нарекува својата тригодишна инвазија на Украина.