Спорт
(Видео) Спектакуларен гол со ножички на Бензија против Јужна Африка
Алжир и Јужна Африка синоќа одиграа спектакуларен пријателски натпревар во Бараки кој заврши 3:3, натпреварот го одбележа Јасин Бензија кој постигна фантастичен гол, кој веројатно ќе влезе во конкуренција за наградата Пушкаш за 2024 година.
Овој 29-годишник игра во Азербејџан каде што настапува за Карабаг, во овој клуб пристигна пред една година од Дижон.
Бензија кариерата ја започна во младинската школа на Олимпик Лион, а кариерата настапувал за Лил, Фенербахче, Олимпијакос и Хатајспор.
Синоќешниот натпревар му беше четврти за Алжир. Довербата на селекторот Петковиќ ја оправда со два постигнати гола.
Инаку, Бензија, претходно настапуваше за младинските селекции на Франција, но на почетокот на 2016 година одлучи дека ќе игра за Алжир, земјата на неговите родители.
Alternate angles of Benzia Bicycle kick Goal vs South Africa (Puskas Contender)
byu/ALEESKW insoccer
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Спринтот во Ле Ман за Мартин, Бањаја без пласман, Маркез втор
Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, славеше втора година по ред на спринт трката за Големата награда на Франција, петта трка сезонава во Мото ГП шампионатот.
Шпанецот беше доминантен во Ле Ман, а во спринтот само продолжи во истиот ритам во кој е практично од почетокот на тркачкиот викенд.
Мартин го забележа третиот триумф сезонава во спринт трките. Во целта влезе со предност од две секунд пред Марк Маркез, кој по лошите квалификации и одличниот старт стигна до втората позиција. На третото скалило на подиумот беше Маверик Вињалес на Априлија, и двајцата имаа корист од излетувањето на возачот на ВР46 тимот, Марко Бецеки.
Актуелниот шампион Франческо Бањаја се повлече во третиот круг поради дефект, кој следеше по лошиот старт, кога падна на 15-та позиција.
Зад најдобрите тројца се пласираа: Енеа Бастианини на Дукати, Алеиш Еспаргаро (Априлија), Педро Акоста од ГасГас, седми беше вториот возач на тимот VВР46, Фабио ди Џанантонио, пред Џек Милер од КТМ Рејсинг, додека последниот поен му припадна на Раул Фернандез ги брани боите на Трекхаус. Миленикот на домашната публика Фабио Квартаро беше 10-ти, како прв надвор од поени.
По ваквиот исход, Мартин има 28 бода предност пред Енеа Бастианини во генералниот поредок, додека Бањаја има бор помалку од тимскиот колега.
Спорт
(Видео) Сити славеа на „Крејвен Котиџ“, две победи ги делат од титулата
Фудбалерите на Манчестер Сити го совладаа Фулам на „Крејвен Котиџ“ (4:0), во првиот натпревар од 37. коло на Премиер лигата.
Двоен стрелец беше Јошко Гвардиол, кој во 13. и 71. минута ја погоди мрежата на Бернд Лено.
Гол за „граѓаните“ постигнаа и Фил Фоден во 59. минута, а Хулијан Алварез од пенал во седмата минута од судиското надополнување, при што беше исклучен Иса Диоп.
Сити, со оваа победа се врати на првата позиција на табелата. Екипата на Гвардиола има 85 бодови, два повеќе од Арсенал.
До крајот на сезоната Сити има натпревари против Тотенхем во Лондон (вторник, 21 часот) и Вест Хем на „Етихад“ (недела, 17 часот).
Исто така, Сити ќе игра и во финалето на ФА Купот, на 25 мај против градскиот ривал Јунајтед.
Спорт
Рафаел Надал елиминиран во Рим
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го заврши учеството на Мастерсот во Рим откако загуби од Хуберт Хуркач со 6:1, 6:3.
Надал го мина првото коло по пресврт, но не можеше повторно да го направи истото во дуелот со Полјакот кој е многу подобар од Зизу Бергс, кој беше првиот ривал на „Бикот од Мајорка“ на овој турнир.
Натпреварот почна така што Надал не искористи пет брејк топки. Во продолжение од сетот Хуркач направи два брејка и убедливо го заврши првиот дел од играта.
Во вториот дел, Полјакот му го одзеде сервисот на противникот во третиот гем, а потоа и во деветтиот и не му дозволи ниту една шанса да го врати загубеното.
Во третото коло Хуркач ќе игра против Аргентинецот Томаш Мартин Ечевери.