Спорт
Првиот човек на Мерцедес: Го чекаме Макс
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/0638280.jpg)
Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, проговори за потенцијална замена за Луис Хамилтон, кој од следната сезона ќе вози за Ферари.
Австрискиот милионер истакнува дека многу ќе зависи од односот на актуелниот светски шампион Макс Ферстапен со Ред Бул.
„Прво да видиме што сака Макс и дали ќе остане во Ред Бул. Тој секако е прв на листата на желби“, изјави Волф.
Доколку Ферстапен остане во австрискиот тим, Волф размислува за три опции.
„Тука е младиот Андреа Кими Антонели, кој има огромен потенцијал, но не заборавајте дека има само 17 години. Размислуваме и за Фернандо Алонсо и Карлос Саинц кои ќе бидат слободен возачи. Засега тоа се нашите опции. Ќе видиме која ќе се реалзиира“, изјави Волф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Адетокумбо ќе го пропушти Ол-стар натпреварот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Untitled-1-18.jpg)
Традиционалниот НБА Ол-стар натпревар ќе се одржи од 14 до 16 февруари во Сан Франциско. Веќе се познати составите на Истокот и Западот, а исто така е познато дека играчот кој доби најмногу гласови на истокот, Јанис Адетокумбо ќе го пропушти Ол-стар викендот.
Како што пренесуваат американските медиуми, причината е повреда на левата потколеница. Ѕвездата на Милвоки поради ова е на клупата цела недела, додека последните лекарски извештаи говорат дека Гркот нема да се опорави за Ол-стар натпреварот.
Како што додава Шамс Шаранија, Јанис се уште ги чувствува последиците од повредата. Има благи болки во потколеницата, па раководството и стручниот штаб на Бакс не сакаат нивниот најдобар играч да ризикува со посериозна повреда.
Сезонава Јанис има просек од 32 поени и 12 скока, а се уште не е познато кој ќе го замени за време на спектаклот во Сан Франциско.
За потсетување, Јанис Адетолумбо требаше да игра во тимот избран од Шекил О’Нил со Никола Јокиќ, Шеј Гиџгес Александар, Виктор Вембањама, Паскал Сијакам, Алеперен Шенгун, Карл-Ентони Таунс и Донован Мичел.
Спорт
(Видео) Астон Вила преку Тотенхем до петтата рунда во ФА купот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Untitled-1-17.jpg)
Тотенхем ја продолжи серијата лоши резултати во сите натпреварувања во кои настапува. Вечерва Тотенхем доживеа елиминација и од ФА купот. На „Вила парк“ во Бирмингем, Астон Вила, во четвртата рунда го победи Тотенхем со 2.1.
Проблемите на тренерот Ангелос Постекоглу стануваат се поголеми, а сега темата за неговото заминување од клупата на Спарс не е невозможна.
Откако беше елиминиран во Лига купот од Ливерпул со 4:0, Тотенхем го заврши и учеството ФА Купот.
Астон Вила значително се засили во овој зимски преоден рок, а на овој натпревар ги видовме сите нови ѕвезди на тимот на Унаи Емери.
Дони Мален го започна мечот, додека шанса подоцна од клупата добија Марко Асенсио и Маркус Рашфорд.
Вила поведе уште во првата минута преку Џејкоб Ремзи, на асистенција на Морган Роџерс.
Роџерс, по асистенцијата, постигна и гол во 64. минута.
Матис Тел му даде надеж на Тотенхем дека може да избегне пораз со неговиот прв гол во дресот на лондонскиот тим, но до крајот тимот од Лондон не успеа сериозно да се закани.
Спорт
(Видео) „Фенерџијата“ во Чемпионшип го елиминира Ливерпул од ФА купот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Untitled-1-16.jpg)
Плимут, последнопласираниот тим во Чемпионшип (Втора лига на Англија), во четвртото коло во ФА купот придери вистинска сензација, успеа да го елиинира најдобриот англиски тим во овој момент, Ливерпул.
Арне Слот реши да комбинира за овој натпревар, не донесе во Плимут речиси ниту еден од своите главни играчи на дуелот против последнопласираната екипа од Чемпионшип, а тој ризик не вроди со плод.
Во тимот ги немаше Салах, Ван Дијк, Мекалистер, Собослаи…
На крајот, Плимут, кој од оваа сезона се натпреварува во Чемпионшип и речиси сигурно ќе се врати во третото ниво на англискиот фудбал, со голот од пенал на Рајан Харди го совлада лидерот во Премиер лигата.
Очекувано, Ливерпул стартуваше со изменет состав, со Киеза на теренот од првата минута, додека во нападот беше само Диого Жота.
Ливерпул навистина имаше поголем посед на топката, но тимот на Арне Слот речиси и да не создаде опасни прилики за гол. „Црвените“ имаа само три удари, од кои само еден во голот, додека Плимут имаше уште еден.
Клучниот момент се случи во 53.минута, Плимут доби пенал, а сигурен реализатор беше Харди.
Единствено што можеше потоа да направи Холанѓанецот беше да го испрати Дарвин Нуњез на теренот, бидејќи освен него на клупата имаше млади играчи без искуство во сениорскиот фудбал.
До крајот на мечот Ливерпул се обидуваше да постигне гол и да го одведе мечот во продолженија, но Плимут успеа да се одбрани и потоа да прослави една од најголемите победи во историјата на клубот.