Црна хроника
Приведени крадци во Велес, расчистени пет кривични дела тешка кражба
Во Велес полициски службеници од Полициската станица Велес и Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес ги лишиле од слобода Е. Ј. (39) и Џ. Н. (31), двајцата од Велес.
Тие биле барани по централен распис од СВР Велес и се сомничат дека на подрачјето на СВР Велес извршиле повеќе кривични дела тешка кражба. Е. Ј. и Џ. Н. се задржани во полициска станица, со нив се извршени службени разговори, при што признале пет дела тешка кражба, кои ги извршиле во куќи и во правни субјекти. Од страна на судија на претходна постапка од Основниот суд Велес на Е. Ј. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена и е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ за издржување на мерката притвор.
Исто така, по преземените мерки, било утврдено дека Џ. Н. бил баран за издржување затворска казна и бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во куќа во Струга
Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.
Црна хроника
Тетовец извршил обљуба врз малолетно девојче
Татко пријавил во полиција дека маж од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Имено на 10.11.2025 во 15:00 часот во ОВР Дебар, 41-годишен маж од дебарско пријавил дека лице од тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, уапсени две лица
Вчера во 15:00 часот, полициски службеници ги уапсиле Н.И.(31) и Д.Н.(21) затоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регитарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени и одземени дигитална вага и бела грутчеста материја.
Исто така, пронајдена е и бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото.
Додека, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.И. дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.
Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против ќе биде поднесена соодветна пријава.

