Македонија
Маричиќ: Обединетоста на регионот на југоисточна Европа значи забрзана интеграција на земјите кандидати на патот кон унијата
Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ беше домаќин на министерскиот состанок на министри за европски прашања учесници во процесот за соработка во Југоисточна Европа во рамки на претседавањето со ПСЈИЕ 2023-2024.
По состанокот на кој се усвојуваше заедничката изјава со која учесниците на Процесот за соработка на југоисточна Европа кои се земји-членки на ЕУ ја нудат својата цврста поддршка на учесниците во ПСЈИЕ кои не се членки на ЕУ на патот на интеграција, засновано на заслуги кон полноправно членство во ЕУ.
По одржувањето на состанокот на кој учествуваа делегации од сите земји членки од ПСЈИЕ и претставниците на главните градови на Југоисточна Европа.

Вицепремиерот Маричиќ се обрати до медиумите со благодарност истакнувајќи го значењето на соработката.
„Инспирирани од слоганот „Премостувајќи поделби, градејќи доверба“, на нашата агенда беа приоритетите кои го обезбедуваат помирувањето, регионалната соработка и забрзувањето на евро-атлантските интеграции, но и зајакнувањето на демократијата, фундаменталните права и вредности, владеењето на правото, борбата против корупцијата, безбедноста и климатските промени.
Напредокот што го постигнавме во поттикнување посилна регионална соработка, градење доверба и помирување е значителен. Сепак, не застануваме тука. Во процесот се вклучени членки на Европската Унија и земји со кандидатски статус за членство што претставува одлична можност за размена на искуства и за взаемна поддршка за на патот до забрзана интеграција на целиот регион во Европската Унија.
На состанокот покажавме дека на овој пат имаме силна поддршка во „Стратегијата на Југоисточна Европа 2030“ и во Планот за раст на Европската Комисија. На сите нас ни е сосема јасно дека реализацијата и на Стратегијата и на Планот за раст бараат константа работа, силна посветеност и сериозни заложби. Имаме заедничка согласност дека нашиот фокус мора да остане на поттикнување на регионалните врски меѓу луѓето и искористување на огромниот економски потенцијал што го поседува нашиот поширок регион“, рече вицепремиерот Маричиќ.

„Денес, обединети во својата определба за прогрес кон Европската Унија заедно со нашите регионални партнери на овој состанок беше усвоена заедничката изјава со која учесниците на Процесот за соработка на југоисточна Европа кои се земји-членки на ЕУ ја нудат својата цврста поддршка на учесниците во ПСЈИЕ кои не се членки на ЕУ на патот на интеграција, засновано на заслуги кон полноправно членство во ЕУ.
Ние, учесниците на ПСЈИЕ, стоиме обединети во нашата поддршка за директни придобивки за сите партнери во регионот преку постепена интеграција, овозможувајќи усогласување со Единствениот пазар на ЕУ веќе за време на процесот на проширување на ЕУ.
Обединетоста на регионот на југоисточна Европа значи забрзана интеграција на земјите кандидати на патот кон унијата, за другите пак значи овозможување на регионална соработка со повеќебројни економско-социјални придобивки. Впрочем, еден од темелите на значењето на Европската унија се обединетост, единство и соработка со крајна цел придобивки за сите граѓани.
Истовремено, сите сме свесни дека најдобриот начин да се донесат вистински промени е да се оди напред на патот до членство во ЕУ. Од ЕУ добиваат сите граѓани што е наша заедничка цел, како од слободното движење и можностите за патување, учење, надградба и работа, така и од фондовите за реконструкција што во поголем број ќе се искористат за нашите училишта, болници и инфраструктура.
Европската Унија е најуспешниот модел на обединетост на Европскиот континент по Втората светска војна. Атина, Софија, Љубљана, Загреб, Букурешт се сведоци и наши примери за значењето на европското заедништво во смисол на безбедност, економско социјални придобивки за сите граѓани а останатите членки на Процесот на соработка на југоситочна Европа го следиме моделот, со заложби за соработка и побрза интеграција кон ЕУ.

Верувам дека моите колеги од Анкара, Белград, Кишињев, Подгорица, Приштина, Сараево, Тирана ќе се сложат и ја имаат истата визија.
Нашата детерминираност е неприкосновена, и од европската иднина нема да се откажеме, потхранети од соработката и пријателството со регионот и нашите соседи, партнери. Верувам дека со иницијативите за соработка, се зацврстува темелот на стабилна Европа, врз кој се надградува силната економско социјална моќ со која располагаме, и тоа и ќе го постигнеме. Во Европа, ќе бидеме посилни, во единството, во размена на придобивките а и во соочувањето со предизвиците. За европска иднина на југоисточна Европа, ве поздравувам и благодарам за учеството денес во Скопје“, изјави вицепремиерот Маричиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи
Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат пасош, лична карта и возачка дозвола.
Полицијата поднесе кривична пријава против М.С., на работно место полицаец во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, во моментот на сторување на делото со наредба распореден во Одделението за управни работи Скопје, П.П., на работно место полицаец во Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, В.Р., вработена како наставник во средно училиште во Скопје и А.С., вработен како пожарникар во Град Скопје.
„Пријавените во период од февруари до април 2024 година, заеднички, по претходен договор воспоставиле шема, на начин што организирале и спроведувале постапки за издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), а со цел стекнување противправна имотна корист, така што трето и четврто пријавените наоѓале заинтересирани граѓани кои имале потреба од изготвување на лични документи, кои им ги доставувале нивните лични податоци во форма на фотографии на трето и четврто пријавените, а овие фотографиите ги испраќале на второпријавениот П.П.“, соопшти МВР.
Второпријавениот посредувал и интервенирал заинтересираните граѓани да ја започнат процедурата за издавање на лични документи, на начин што го поттикнувал првопријавениот М.С., кој како службено лице вршел дејствија на фотографирање и прием на барања, како негови редовни работни обврски.
„Наведените дејствија биле вршени врз претходен договор за одреден паричен надомест со точно утврдена цена, време и начин на извршување со јасно распределени улоги, создавајќи паралелен неформален начин на постапување со кој за паричен надомест овозможувале побрзо остварување на правото за јавна услуга, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, нарушувајќи го принципот на еднаков пристап на граѓаните до јавните услуги“, соопштиа МВР.
Македонија
(Видео) Петрушевски: СДСМ со двојни аршини – против возење без дозвола, а гласаа против „Безбеден град“
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција изјави дека СДСМ и Венко Филипче применуваат двојни аршини во однос на прашањето за безбедноста во сообраќајот.
„Од една страна велат дека секој оној кој сака да вози без возачка дозвола треба да е санкциониран, а од друга страна гласаа против системот ‘Безбеден град’“, рече Петрушевски.
Петрушевски потсети дека СДСМ и Филипче гласале против проектот „Безбеден град“ во Собранието, додавајќи дека координаторот на нивната пратеничка група, Оливер Спасовски, кој е поранешен министер за внатрешни работи, не направил ништо поврзано со ова прашање за да ја зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот.
Според него, во време на претходната власт не бил имплементиран ниту еден системски проект што ќе обезбеди дигитална контрола над сообраќајот, транспарентно санкционирање и реално намалување на сообраќајните прекршоци. Додаде дека проектот „Безбеден град“ не е партиска агенда, туку решение за заштита на животите на граѓаните.
Македонија
Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија
Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија, информира СВР Охрид.
Во рамките на вежбовните активности, предвидена е употреба и користење на артифиции, воени моторни возила, дронови, пловни и други средства.
Планираната обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија на подрачјето на Охрид и Струга, е во состав на вежбата „BEL-SOF Exercise 26” што ќе биде спроведена и на други подрачја во земјава.
„Апелираме до граѓаните на Охрид и Струга, да ги почитуваат насоките на полициските и армиските службеници кои, ќе се грижат за безбедноста на целокупното подрачје“, велат од СВР Охрид.
фото/Depositphotos

