Спорт
Кармо најскап играч во историјата на грчкиот фудбал
Олимпијакос го сруши трансфер рекордот во грчкиот фудбал. Олимпијакос од Порто ќе го откупи дефанзивецот Давид Кармо(23) кој оваа сезона игра на позајмица од Порто.
„Луѓето од Олимпијакос не известија дека ќе го платат договорениот откуп, па Кармо наскоро и официјално ќе стане нивни играч“, соопшти Порто.
Според грчките и португалските медиуми, Олимпијакос за Кармо ќе плати 17.500.000 евра, колку што беше првично договорено. Порто ќе загуби нешто повеќе од 4.000.000 евра, имајќи предвид дека го купија Кармо од Брага во јули 2022 година за 20.300.000 евра.
Интересно е што по 25 години паѓа грчкиот фудбалски рекорд, а го држеше Словенецот Златко Заховиќ, кој исто така од Порто пристигна во Олимпијакос за тогаш астрономски 13.500.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милано на Димитријевиќ го победи Париз на Шортс
Олимпија Милано го поббеди Париз со 79:74 во второто евролигашно коло. Милано ја забележа првата победа сезонава, додека дебитантот Париз го доживеа вториот пораз.
За македонската јавност мечот во „Медиоланум Форум“ беше интересен поради репрезентативците Ненад Димитирјевиќ и Ти-Џеј Шортс.
Милано победата ја однесе во финишот, откако Париз го контролираше натпреварот во поголемиот дел.
Димитријевиќ натпреварот го заврши со девет поени и три скока, додека Шортс повторно беше најдобра кај Париз. Тој забележа 17 поени, четири скока и осум асистенции.
Спорт
Тухел ја презема Англија?
Германскиот стручњак Томас Тухел наскоро би можел да се врати на тренерската работа, откако спогодбено се раздели со Баерн Минхен.
Како што пренесува Кристијан Фалк од „Билд“, Томас Тухел е првиот кандидат за селектор на Англија.
Од заминувањето на Герет Саутгејт на крајот на Европското првенство, Англија нема именувано селектор.
ФА го назначи како привремен селектор, предводникот на У21 репрезентацијата Ли Карсли.
Позицијата селектор на Англија дефинитивно е една од најтешките работи во светото на фудбалот со оглед на квалитетото што го поседува и големите очекувања кои ги има англиската јавност.
Спорт
(Видео) Германија победи во Зеница, Холандија освои бод во Будимпешта
Германија и Холандија се издвоија на првите две места на табелата и тие ќе ја водат битката за првото место во Групата 3, во А-дивизијата во Лигата на нации. Вечерва Германците победија во Зеница, а Холандија извлече реми во Будимпешта.
Германија ја победи Босна и Херцеговина со 2:1. Двата гола во првото полувреме за Германија ги постигна напаѓачот на Штутгарт Ундав. Покрај овие два, Германците постигнаа уште три гола кои ги поништо ВАР собата.
Голот за БиХ е дело на Един Џеко во 72.минута.
Унгарија не успеа да ја победи Холандија и покрај тоа што во финишот на натпреваро го одигра со играч повеќе.
Салаи во 32.минута погоди за унгарско водство. Холанѓаните во 79.минута останаа без Ван Дајк, кој беше исклучен поради два жолти картони. Четири минути подцна Дамфрис ги постави конечните 1:1
Германија ја предводи групата со седум бода, Холандија има пет, Унгарија 2, а БиХ еден бод.