Спорт
(Видео) Јокиќ повреден постигна 32 поени, Денвер поразени од Минесота

Кошаркарите на Денвер Нагетс го загубија директниот дуел за првото место во Западната конференција од Минесота Тимбервулвс. „Волците“, во Денвер славеа победа 111:98.
Без поддршка од соиграчите, повредениот Никола Јокиќ, не можеше да го спречи поразот на Денвер.
Србинот играше и покрај повредата на шутерска рака, а промаши 11 од првите 17 удари за да го заврши натпреварот со 11/24 од поле.
Јокиќ забележа дабл-дабл со 32 поени, 10 скока и пет асистенции.
Сепак, Нагетс останаа под 100 поени втор натпревар по ред и го претрпеа вториот последователен пораз на домашен терен.
Денвер сега се трети на Западот со половина победа зад Тимбервулфс и Оклахома Сити Тандер кои ги совладаа Феникс Санс.
Без повредениот Џамал Мареј, Јокиќ немаше соодветна поддршка од соиграчите.
Арон Гордон и Мајкл Портер постигнаа по 14 поени, Реџи Џексон додаде 12, а ДеАндре Џордан 11.
Од друга страна, „Волците“ ги предводеа Ентони Едвардс со 25, Мајкл Конли со 23 и Руди Гобер со 21 поен и 12 скока.
Резултати:
Шарлот – Голден Стејт 97:115
Индијана – ЛА Лејкерс 109:90
Орландо – ЛА Клиперс 97:100
Вашингтон – Детроит 87:96
Бруклин – Чикаго 125:108
Кливленд – Филаделфија 117:114
Мајами – Портланд 142:82
Оклахома – Феникс 128:103
Сан Антонио – Њујорк 130:126
Јута – Хјустон 100:101
Сакраменто – Далас 103:107
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Валенсија ја продолжи серијата без пораз, Севилја падна на „Местаља“

Валенсија продолжи со спектакуларното бегство од опасната зона на табелата во Ла Лига. По поразот од Атлетико Мадрид, Валенсија во следните шест кола, од 2 март досега, освоија 14 бода (четири победи, две нерешени).
Вечерва, во првиот натпревар од 31.коло, Валенсија ја победи Севилја со 1:0 и ја „скокна“ на табелата.
ВАР беше против Севилја, судијата Хозе Санчез досуди пенал, но по сугестијата од ВАР собата ја прегледа снимката и ја поништи својата одлука.
Во третата минута од судиското надополнување, Валенсија успеа да постигне гол преку 20-годишниот Хави Гера.
Во вториот дел имаше прилики на двете страни, но не и вистински реализатор.
Навивачите на Валенсија можат да здивнат, „лилјаците“ се на девет бода од зоната за испаѓање.
Валенсија сега се наоѓа на 11.место со 37 бодови, Севилја по третиот пораз во низа е на 12.позиција со бод помалку.
Спорт
Хапоел Тел Авив го освои Еврокупот

Кошаркарите на Хапоел Тел Авив се шампиони во Еврокупот за сезоната 2024-2525, откако го дбија и вториот натпревар од финалната серија против Гран Канарија. Избраниците на Димитрис Итудис славеа како гости со резултат 103:94.
Хапоел, екипа која од клупата ја предводи Димитрис Итудис го освои првиот трофеј во континенталните натпреварувања. Низ историјата Хапоел пет пати беше шампион на Израел, а уште четири пати го освои националниот куп.
Антонио Блејкни го предводеше Хапоел со 27 поени, 6 скока, 4 асистенции, центарот Џонатан Мотли придонесе за големата победа со 26 поени, 3 скока, 2 асистенции, додека Јам Мадар, запиша 16 поени и 6 асистенции.
Во поразениот тим, центарот Џорџ Кондит имаше 18 поени и 4 скока. Џо Томасон имаше 14 поени, 2 скока, 4 асистенции и украдена топка, а Нико Брусино мечот го заврши со 11 поени, 7 скока и по 3 скока и асистенции.
Хапоел со троимфот во Еврокупот обезбеди место во Евролигата наредната сезона.
Спорт
Сè за плеј-инот и плеј-офот на Евролигата

Со два драматични натпревари заврши регуларниот дел од сезоната во Евролигата. Актуелниот шампион Панатинаикос по едно продолжене ја победи Црвена звезда со 111:104, во регуларниот дел беше 96:96, а Барселона го совлада Виртус со 90:87.
Сезоната 2024/25 е втора по ред во која десет екипи се натпреваруваат за пласман во четвртфиналето, од кои првите шест одат директно меѓу најдобрите осум, а седмиот и осмиот се одредуваат со плеј-ин турнир со четири екипи.
Плеј-ин:
(7) Реал Мадрид – (8) Париз
(9) Баерн Минхен – (10) Црвена звезда
Четвртфинални двојки:
(1) Олимпијакос – Б победник во плеј-офот (поразен Реал – Париз или победник Баерн – Црвена звезда)
(2) Фенербахче – победник од натпреварот Реал – Париз
(3) Панатинаикос – (6) Анадолу Ефес
(4) Монако – (5) Барселона
Шлеј-ин:
15 април / прво коло (Реал-Париз, Баерн-Црвена звезда)
18 април / второ коло (поразен од првиот натпревар и победник од вториот натпревар)
плеј-оф
Првите натпревари од четвртфиналето на плејофот ќе се играат на 22 април, а сериите ќе завршат до 7 мај. Четвртфиналните пресметки се играат до три победи.
Фајнл-фор:
23 мај / полуфинални натпревари
25 мај / трето место и финале