Регион
„Има многу чудни работи“ – соседот за настаните пред исчезнувањето на малата Данка

Пет дена во Бањско поле нема трага од малата Данка Илиќ (2). Во денешната потрага се вклучија и хеликоптери, што дополнително ги загрижи мештаните, но ниту еден жител на Бањско Поље не се сомнева во едно – нема шанси да се работи за киднапирање на дете, едноставно е невозможно толку многу случајности на едно место.
„Во исто време, ова е мирна област, можете да излезете на улица во секое време и ништо нема да ви се случи. Еве, сите се сомневаме во две варијанти, или детето е веќе далеку од овде или, за жал, непотребно се надеваме дека има шанси потрагата да заврши среќно“ изјави за српскиот портал „Курир“ една мештанка.
Имено, на првиот ден од потрагата по Данка биле вклучени мештаните и сите луѓе со добра волја кои сакале да помогнат.
„Во желбата што побрзо да го најдеме детето, сите направивме мала грешка, но никој не помисли дека тоа може да произлезе од сето тоа. Помисливме – детето можеби некаде паднало, сите станавме на нозе да и помогнеме на полицијата, но еве веќе петти ден, а детето го нема. Сега нашите траги се оставени насекаде, но тоа го направивме со најдобра намера“ сподели сосед кој се уште е вознемирен.
Данка Илиќ беше пријавена за исчезната на 27 март околу 13 часот и 45 минути, но се уште немаинформации за судбината на детето. Приоритет е да се најде живо и здраво, а со таа мисла последниве денови се буди секој човек во Србија и регионот, со оглед на тоа што одекна веста за исчезнувањето на девојчето.
„Најважно е детето да се најде живо и здраво, но не можеме сега никого да судиме, единствено важно е детето физички да не е тука, и целиот фокус мора да биде на тоа за да се реши. Но, има многу чудни работи, како точно се’ се случило кога мајката дошла на овие простори после толку години. Во исто време, соседот кој го возел контроверзното зелено „пунто“ го видел детето околу 10 до 2 часот веднаш до оваа куќа која се наоѓа на неколку метри од фармата на која била со нејзината мајка и брат. Меѓутоа, човекот мислел дека тоа е внукот на овој сосед чија куќа е мала, па само продолжил понатаму. Од друга страна, нема шанси детето само да дошло до тој дел од патот, двегодишно дете нема голем чекор самото да стигне до таму“ вели друг сосед кој бил вклучен во потрагата по Данка и објасни како изгледал тој цел ден кога настанот се случил случајно:
„Видов кога пристигнаа, бев во градината зад куќата, од таму имам директен поглед на езерцето. Пристигна жена со две деца и се паркираше позади куќата каде минува тој канал за кој зборуваше полицијата и го пребаруваше, а тоа е прашањето зошто би паркирала позади кога е патот од оваа страна, никој никогаш не паркира таму. Се е сомнително, сите со прст вперуваат кон оној кој последен пат го видел детето, а има многу нелогичност“, вели соговорникот.
Последните настани од Бањско Поље се однесуваат на моментот кога два хеликоптери од мала надморска височина прелетаа над просторот каде што беше пријавено исчезнато двегодишното девојче Данка Илиќ, како и блиската шума.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.