Регион
Безбедносен експерт за истрагата за исчезнатaта Данка: „Мајката ќе треба да објасни зошто го направила тоа“

Петти ден од потрагата по исчезнатото девојче Данка Илиќ. Безбедносниот експерт Дарко Обрадовиќ за Дневникот на Нова ТВ зборуваше за нејзиното исчезнување и за целиот случај.
„Секој ден што изминува, секоја нова информација што се добива или толкува создава одредени нелогичности. Она што сега е важно е подрачјето да се следи од воздух со помош на хеликоптери и хеликоптерски единици, што значи дека се уште постои можност да се открие нов објект, некое движење на земја или одредена трага“, рече Обрадовиќ.
Прегледот на мобилниот телефон покажал дека мајката ги избришала пораките.
„Се додека се утврдат дејствијата и операциите што се извршени на тој мобилен телефон и содржината што е отстранета од телефонот, тогаш јасно ќе се добијат конкретни други информации кои ќе укажат дали имало одредена комуникација со трети лица. Исто така, мајката ќе треба да објасни зошто го направила тоа“, рече експертот Обрадовиќ.
Таткото го помина полиграфскиот тест.
„Ако немате јасно објаснување што се случило кога лицето исчезнало, дали се работи за насилно киднапирање и дали се работи за настан што постои во простор со објективни учесници, тогаш секој што последен пат бил во контакт со жртвата е сомнителен“, рече Обрадовиќ.
Киднапирањето како кривично дело досега беше на маргините, но вештакот тврди дека многу лесно може да се врати во фокусот на полицијата.
„Во кривичните случаи на киднапирање може да се случи киднаперите да ги фати паника и често полицијата да дава одредени информации за таа информација да продуцира одредено однесување.
Обрадовиќ не сакаше да шпекулира за шансите девојчето да биде пронајдено живо.
„Тешко е да се каже бидејќи не знаеме каде е, не знаеме дали е киднапирана, дали сама си заминала. Засега не можеме да шпекулираме бидејќи тоа е прилично неодговорно кон семејството и не придонесува за истрагата. Затоа треба да внимаваме да не се разбуди хистерија околу целиот случај“, заклучи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад.
Пред седиштето на Српската напредна партија (СНС) во Ваљево демонстранти со качулки и покриени лица фрлаа пиротехнички средства, по што избувна пожар во дел од просториите. Огнот беше изгаснат со интервенција на противпожарните екипи и демонстранти. Искршен е влезот на Општина Ваљево, а полицијата употреби солзавец.
Во Милановац неколку стотици граѓани фрлаа тоалетна хартија кон просториите на СНС, додека во Нови Сад беа искршени прозорци со шишиња и други предмети. Во Нов Белград полицијата употреби солзавец и шок бомби, а демонстрантите се обидоа да стигнат до седиштето на СНС.
Протестите следат по повеќемесечните студентски блокади, а сега целта е промена на власта. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да има предвремени избори и ги нарече протестите управувани однадвор.
Регион
Црна Гора се бори со пожари

Седми ден по ред пожарите во Црна Гора не стивнуваат, а најкритично е во Подгорица, каде што и покрај тоа што ситуацијата е под контрола.
Началникот на Дирекцијата за цивилна заштита и намалување на ризици од катастрофи, Љубан Тмушиќ, соопшти дека најзагрозени области се Пипери и Кучки Корита. – Во овие подрачја се ангажирани сите расположливи ресурси – 12 возила и 42 пожарникари, рече Тмушиќ.
Посебна закана претставуваат и таканаречените „подземни пожари“ кои се активираат со пораст на температурите.
Во гаснењето се вклучени и армијата, како и помош од странство – Србија испрати хеликоптер, а вчера пристигна и швајцарски тим со 26 пожарникари и четири специјализирани возила. Поддршка дава и хеликоптер од Чешка.
Регион
Еди Рама вети бесплатни нови куќи за оние кои во пожарите ги загубија своите домови

По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и директно ветување до сите настрадани граѓани. Во објава на социјалните мрежи, тој најави дека државата целосно ќе ги обесштети сите што претрпеле штета, вклучително и бесплатна обнова на секој уништен дом.
„Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Оваа мерка, како што појасни министерот за одбрана Пиро Венгу, ќе се спроведува преку општините. Ќе се формираат посебни комисии за проценка на штетите на куќи, инфраструктура, бизниси и земјоделски култури, по што ќе следува обештетување од општинските фондови за цивилна заштита, поддржани од државниот буџет.