Спорт
Колинс 53. на ВТА листата го освои Мастерсот во Мајами

Американската тенисерка Даниел Колинс ја освои титулата на Мастерсот во Мајами, Таа во финалето ја победи четвртата тенисерка во светот Елена Рибакина од Казахстан по два сета 7:5, 6:3.
Колинс, 53. на ВТА листата ја освои титулата по два часа и две минути игра. Американката прв пат во кариерата освои титулата на турнир од серијата 1.000.
Во првиот сет тенисерите добиваа гемови на свои сервиси до последниот 12-ти гем кога Колинс направи брејк и поведе во мечот.
Таа добро го започна вториот сет и по брејк во вториот гем поведе со 2:0. Рибакина веднаш го врати брејкот, по што и двете добија гемови на свои сервиси до осмиот, кога Колинс направи нов брејк и поведе со 5:3.
Американската тенисерка потоа сервираше за победа и ја искористи четвртата меч топка.
Колинс стана најслабо рангираната тенисерка која освоила титула на Мајами опен, а од понеделник ќе се искачи на 22. место на ВТА листата.
Колинс на почетокот на годината изјави дека на крајот на сезоната ќе ја заврши кариерата.
Рибакина остана на седум титули, а втора година по ред загуби во финалето на турнирот во Мајами.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Момче родено 2009 година дебитраше за Лестер

Дуелот меѓу Лестер и Њукасл (0:3) го одбележа дебито на Џераи Монга.
Монга влезе во игра во 74. минута и со тоа стана вториот најмлад дебитант во историјата на Премиер лигата.
Има само 15 години и 271 ден. Најмлад дебитант и понатаму е Итан Нванери од Арсенал, на дебито имал 15 години и 181 ден.
Петмината најмлади дебитанти во Премиер лигата покрај Нванери и Монга се и Метју Бригс од Фулам (16 години и 68 дена), Ајсеја Браун од Вест Бромвич Албион (16 години и 117 дена) и Арон Ленон од Лидс (16 години и 129 дена).
Спорт
(Видео) Њукалс го победи Лестер, се изедначи со Челзи на четвртото место

Фудбалерите на Њукасла славеа во Лестер и се вклучија во борбата за четвртотот место во Премиер лигата. По победата 3:0, Њукасл се изедначи со Челси на четвртото место (двата тима имаат по 53 бода), Манчестер сити со бод помалку е на шестата позиција. Лестер остана на претпоследното место, речиси и да нема шанси да остане во лигата.
Гостите ги постигнаа сите три гола во првото полувреме на стадионот Кинг Пауер, а двојниот стрелец Џејкоб Марфи ги постигна двата негови гола во првите 11 минути.
Во втората минута десното крило на Њукасл беше на вистинско место по додавањето од Тино Ливраменто.
Девет минути подцна Фабиен Шер од половина терен упати исклучително прецизен удар кон голот на Хермансен, ја погоди гредата, но Марфи се најде на вистинското место и лесно ја заврши акцијата. Ова беше негов седми гол сезонава, има и девет асистенции.
Точка на натпреварот во 34.минута стави поранешниот играч на Лестер, Харви Барнс.
„Страчките“ во следното коло ќе го пречекаат Манчестер Јунајтед, додека Лестер ќе гостува кај Брајтон.
Спорт
(Видео) Наполи не успеа да победи во Болоња

Фудбалерите на Болоња и Наполи одиграа нерешено, 1:1, во последниот натпревар од 31. коло во Серија А.
Битката за шампионската титула во Италија оди во прилог на фудбалерите на Интер, бидејќи Наполи направи голем кикс во Болоња.
Интер на седум кола до крајот има три бода повеќе од Наполи.
Наполи почна добро и поведе во 18. минута. Брилијантен гол постигна Ангиса, со соло пробив ја мина целтата одбрана на Болоња.
Со 0:1 заврши првото полувреме.
WOW! What a piece of individual skill by Anguissa!pic.twitter.com/bdpFegNTRj
— Nima Tavallaey Roodsari (@NimaTavRood) April 7, 2025
Во вториот дел речиси и да немаше возбудувања. Болоња ја искористи најдобрата шанса преку Ндој во 60.минута.
Со овој бод Болоња остана во трката за место во Лигата на шампионите, има 57 поени на четвртотот место.
⚽️ GOAL: Dan Ndoye
🇮🇹 Bologna 1-1 Napolipic.twitter.com/sAvBmMuIao
— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 7, 2025