Регион
„Ќе ви ја раскажам вистината за исчезнувањето на Данка“ – вујкото ги опиша финалните минути во Бањско Поле

Вујкото на исчезнатата Данка Илиќ од Србија по која се трага веќе седум дена зборуваше што се случувало кобниот ден од исчезнувањето на девојчето тврдејќи дека тоа е вистината и коментирајќи дека медиумите ретко пишуваат за неа.
Рече дека на последната фотографија од Данка Илиќ, која била направена на кобниот ден, таа е заедно со својот постар брат, а оддалечена е 30-ина метри од него и далеку од мајката што во тој миг фотографирала.
Вели дека можеби некој тогаш се криел чекајќи го вистинскиот момент. Фотографијата била направена во 13.30 часот.
Сестра му, како што тврди вујкото, потоа отишла до автомобилот да донесе вода, а течноста била на совозачкото седиште.
Тоа се тие неколку секунди кога Данка исчезнала, тврди вукото, додавајќи дека не е вистина оти надвор врнело силен дожд. Сестра му потоа панично го барала девојчето и не пријавила веднаш оти барала, а потоа се јавила и кај жсвојот сопруг да го извести, рече тој за „Блиц“.
За Драгомировиќ, нема ништо спорно што мајката ја фотографирала Данка непосредно пред исчезнувањето бидејќи нејзиниот телефон е полн со фотографии од децата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Регион
Големи пожари беснеат на најмалку пет различни локација во Грција

Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регоион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, попладнево се активни големи пожари, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите на зафатените области.
Во пожарот во централна Евија, изгореа две противпожарни возило, а четворица пожарникари со полесни повреди на рацете и очите и со респираторни проблеми биле префрлени во болница.
Во сите пожари, беа превентивно евакуирани жителите на населените места во непосредна близина на огнената стихија, откако од бројот 112 за итни случаи беа испратени соодветни пораки.
За Атика, Евија и за дел од Пелопонез за денеска имаше предупредување за екстремно голема опасност од пожари, категорија пет, што воедно е и највисоката категорија во прогнозите за опасност од пожари на Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција.