Регион
Прадедото на малата Данка: Не знам дали мојата Ивана е добра мајка

Прадедото на малата Данка Илиќ, која исчезна во вторникот околу 13.45 часот, шокира со изјавата дека има добри и помалку добри мајки, пренесуваат српските медиуми.
Прадедото на малата Данка Илиќ, Јокса Драгомировиќ од Брестовац, вчера беше зад тракторот и цел ден возеше од куќата до полето.
На прашањето како се справува со сето она што се случи изминатава недела, тој истакна дека на сите им е многу тешко и дека не може да тврди оти девојчето на видеото наводно снимено во Виена е навистина неговата правнука.
„Немам очила и не можам да кажам дали на видеото е мојата правнука. Дете како дете, така изгледа. Штом слушнав што се случило, го однесов тракторот до мојот семеен имот во Бањско Поле. Ивана порасна таму. Го барав детето два километра наоколу, но ја немаше. Мала е, ни 100 метри не можела сама да помине“, кажал прадедото на Данка.
„На сите им е тешко, што да ви кажам. Ивана се омажи и живее во Бор. Не знам како живее. Можам само да кажам дека има добри мајки и помалку добри“, изјавил Јокса Драгомировиќ.
На прашањето дали тоа значи дека неговата внука не е добра мајка, тој кратко одговорил:
„Не знам, не го кажав тоа. Засега само го чекаме соопштението на МВР и тоа ќе ни биде пресудно што ќе кажат, но верувам дека мојата Данка е жива“, ја пренесуваат изјавата српските медиуми.
Инаку, според написите за тамошните медиуми, во селото во разговор со мештаните рекле дека семејството Драгомировиќ било чудно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.