Спорт
Спогодбено се разделија Работнички и Гоце Седлоски
Гоце Седлоски повеќе не е тренер на Работнички. Клубот и тренерот спогодбено се разделија по серијата од четири порази, по кои на Работнички му следува борба за опстанок во лигата. На местото на Седлоски, Работнички го именуваше Горан Станиќ.
Работнички се наоѓа на осмата позиција на табелата со 27 бода, само еден повеќе од десеттопласираниот Вардар и три повеќе од Македонија ЃП, која е на позиција која води во понизок ранг.
„ФК Работнички спогодбено се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Гоце Седлоски. Со него заминуваат и неговите соработници, Тони Мегленски и Сашко Поповски. Клубот им се заблагодарува за посветеноста и професионалноста и им посакува сѐ најдобро во понатамошните кариери“, објави клубот на социјалните мрежи.
До крајот на сезоната „романтичарите“ ќе ги предводи Горан Станиќ кој денеска ќе го одржи првиот тренинг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милано на Димитријевиќ го победи Париз на Шортс
Олимпија Милано го поббеди Париз со 79:74 во второто евролигашно коло. Милано ја забележа првата победа сезонава, додека дебитантот Париз го доживеа вториот пораз.
За македонската јавност мечот во „Медиоланум Форум“ беше интересен поради репрезентативците Ненад Димитирјевиќ и Ти-Џеј Шортс.
Милано победата ја однесе во финишот, откако Париз го контролираше натпреварот во поголемиот дел.
Димитријевиќ натпреварот го заврши со девет поени и три скока, додека Шортс повторно беше најдобра кај Париз. Тој забележа 17 поени, четири скока и осум асистенции.
Спорт
Тухел ја презема Англија?
Германскиот стручњак Томас Тухел наскоро би можел да се врати на тренерската работа, откако спогодбено се раздели со Баерн Минхен.
Како што пренесува Кристијан Фалк од „Билд“, Томас Тухел е првиот кандидат за селектор на Англија.
Од заминувањето на Герет Саутгејт на крајот на Европското првенство, Англија нема именувано селектор.
ФА го назначи како привремен селектор, предводникот на У21 репрезентацијата Ли Карсли.
Позицијата селектор на Англија дефинитивно е една од најтешките работи во светото на фудбалот со оглед на квалитетото што го поседува и големите очекувања кои ги има англиската јавност.
Спорт
(Видео) Германија победи во Зеница, Холандија освои бод во Будимпешта
Германија и Холандија се издвоија на првите две места на табелата и тие ќе ја водат битката за првото место во Групата 3, во А-дивизијата во Лигата на нации. Вечерва Германците победија во Зеница, а Холандија извлече реми во Будимпешта.
Германија ја победи Босна и Херцеговина со 2:1. Двата гола во првото полувреме за Германија ги постигна напаѓачот на Штутгарт Ундав. Покрај овие два, Германците постигнаа уште три гола кои ги поништо ВАР собата.
Голот за БиХ е дело на Един Џеко во 72.минута.
Унгарија не успеа да ја победи Холандија и покрај тоа што во финишот на натпреваро го одигра со играч повеќе.
Салаи во 32.минута погоди за унгарско водство. Холанѓаните во 79.минута останаа без Ван Дајк, кој беше исклучен поради два жолти картони. Четири минути подцна Дамфрис ги постави конечните 1:1
Германија ја предводи групата со седум бода, Холандија има пет, Унгарија 2, а БиХ еден бод.