Македонија
Трипуновски: Со СДС на власт имаме 16,5 милиони килограми помалку извезено јаболко и 7,6 милиони евра помал годишен девизен прилив
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку објава на Фејсбук извести за, како што ги нарекува, катастрофалните политики на СДСМ во делот на овоштарството.
Трипуновски направи споредба помеѓу 2016 и 2023 година за количините на извезено јаболко и годишните девизни приливи по тој основ.
Бројките, како што оценува, се катастрофални и се само дополнителен доказ за негрижата на СДСМ за македонските земјоделци.
„Јаболкото е најизвезуваното овошје од Македонија од кое се остварува годишен девизен прилив од над 20 милиони евра ‼️
Но, со СДС на власт денес имаме:
16,5 милиони килограми помалку извезени количини во 2023 во споредба со 2016 (Извор: ДЗС)
7,6 милиони евра помал девизен прилив во 2023 споредено со 2016 (Извор: ДЗС)“, напиша Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општините Гази Баба и Сарај денеска без струја
Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Гази Баба и Сарај.
– Во период од 08:30 – 09:300 часот, струја ќе немаат корисниците на улица Лазар Поптрајков зграда бр. 25 во општина Гази Баба.
– Во период од 08:30 – 13:30 часот, корисниците на дел од село Кондово во општина Сарај ќе останат без електрична енергија.
Македонија
Сончево време со услови за пороен дожд попладне
Времето денес ќе биде променливо облачно и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладневните часови претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Од четврток до сабота ќе преовладува сончево и топло време. Промена на времето со локални врнежи од дожд, наместа пообилни и пад на дневната температура се очекува од недела.
Македонија
Земјотрес во Скопје
Земјотрес во 21:46 часот беше почувствуван на територијата на Скопје.
Според информациите, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.
Длабочината на потресот, според информациите од ЕМСЦ е 6 километри.