Црна хроника
Мајка и син искасани од куче скитник на „Партизанска“
Вчера, во 16.45 часот, во Полициската станица Карпош, В. В. (44) пријавил дека на булеварот Партизански oдреди во Скопје, тој и мајка му Р. В. (74), двајцата од Скопје, биле каснати од куче скитник.
Синоќа, во 19.15 часот, во Полициската станица Гази Баба уште една жена, со иницијали Т. Н. (77) од Скопје, пријавила дека во паркот на улицата Финска во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 19.30 часот, во Полициската станица Ѓорче Петров, и лицето С. В. (29) од с. Волково, Скопско, пријавил дека на улицата Шар Планина во Скопје бил каснат од куче скитник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена скопјанката која беше пријавена за исчезната
Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир била пронајдена 26-годишната И.Е. од Скопје, извести МВР.
На 26.08.2024 нејзиниот татко В.Е.(69) пријави дека се оддалечила од својот дом на подрачјето на Гази Баба, додаваат од МВР.
Црна хроника
Штипјанец пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка се оддалечила од домот
Денеска во 01.30 часот во СВР Штип, 37-годишниот Е.М. од Штип пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка, 17-годишната Ј.М., извести МВР.
Според пријавеното, најверојатно таа се наоѓа во Велес кај лицето Р.В.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Топ
Млад скопјанец нападнат со нож пред станот во Аеродром, едниот од напаѓачите му се заканил со оружје
Дваесет и петгодишен скопјанец синоќа бил нападнат пред станот во којшто живее на подрачјето на општина Аеродром.
Според пријавеното, момчето било нападнато со остар предмет од Н.С. и уште две лица, а едниот му се заканувал со пиштол.
Пренесен е во приватна болница за укажување помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.