Македонија
ДУИ: Во страв од победа на Османи, ВМРО и албанската опозиција продолжуваат со валканиот изборен речник

Жедна за власт, ВМРО-ДПМНЕ континуирано го оспорува меѓуетничкиот соживот и толеранција, предизвикувајќи збунетост во мислењето дека токму оваа партија може да одлучи која албанска партија е достојна за владејачко партнерство, велат од ДУИ.
„Потпретседателот на ВМРО, Александар Николовски, во изјава за медиумите рече дека „Соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ по изборите е невозможна“. Ги информираме ВМРО и неговите деривати во албанската опозиција дека граѓаните се главните партнери на Демократската унија за интеграција, а граѓаните се тие кои одлучуваат кој ќе ја води Владата во следниот мандат. Во отсуство на понуда за подобар живот на сите граѓани и во страв од длабоката победа на идниот претседател Бујар Османи и на Европскиот фронт, ВМРО и албанската опозиција продолжуваат со валканиот изборен речник, сакајќи да ја минимизираат секоја промена што и се случи на државата и на граѓаните“, дополнуваат од ДУИ.
Како што велат, европскиот фронт е сериозна коалиција со голема одговорност чија основна задача е да го трасира европскиот пат на државата и да не игра игри со зборови кои од политички причини ја доведуваат во прашање иднината на државата и нејзините граѓани.
„Истовремено, апелираме до македонската и албанската опозиција, ДУИ – на 8 – ми мај, да биде во позиција да го избере партнерот во власта, а не ВМРО, бидејќи Европскиот фронт ќе надмине +20 пратеници“, завршуваат оттаму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улицата Христо Татарчев бр. 47, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и кулите – Расдник, oпштина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура ќе достигне до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, во сабота наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
„Уапсени се полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер“: СДСМ ја поздрави акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

„Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција во која се лишени од слобода полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер на 16 март во т.н. дискотека Пулс во Кочани“, соопшти СДСМ.
„Фактот што четири месеци ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја сокрие одговорноста на полицајците и полициските функционери, фактот што нивната вина беше негирана од страна на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски укажува на тоа дека сите биле вмешани или на некој начин знаеле за нелегалното работење на Пулс и тоа го одобрувале.
Само поради обидите да се сокрие одговорноста од страна на Тошковски и Мицкоски на лицата кои тие ги поставија за полицајци, командири и началници би требало веднаш да си поднесат оставки.
Одговорност мора да има и за Александар Јанев, директорот на БЈБ. Тошковски и Јанев не смеат повеќе да ја попречуваат истрагата ниту да влијаат некој да не сноси одговорност.
Вистината за Кочани која цела недела ја објавуваше СДСМ е точна. Се покажа дека без силен притисок на јавноста, на дел од медиумите и на СДСМ нема да има правда за Кочани. Време е за одговорност, време е за оставки“, се додава во соопштението на СДСМ.