Скопје
Неколку скопски општини денеска без вода
Поради планирани интервенции во водоводната и канализацион мрежа, без водоснбдување ќе останат делови од неколку скопски општини.
· Поради дефект во шахта и дефект на приклучна од Ф-1“ на улица Хелсинки 26 во населба Тафталиџе во општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Хелсинки, Виенска, Мексичка, Ташкентска, Хаванска и дел од Варшавска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до санирање на дефектот.
· Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 100мм. во село Лубанци под резерварот, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на село Лубанци во општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
· Поради дефект на водоводна шахта на булеварот Климент Охридски 15, без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, ќе останат корисниците на булеварот Св. Климент Охридски во општина Центар.
· Поради изведување на приклучок од Ф-80 мм на улицата Јосиф Јосифовски Свештарот 33 во Центар, прекинато водоснабдување од 09:30 часот до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од улиците Ј.Ј.Свештарот, Стив Наумов, Тетовска, П.С.Пролет и дел од улица Пролет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Полог и Кочанска, општина Кисела Вода;
– од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од населените места и објектите од село Алдинци кон Солунска Глава, општина Студеничани;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Шуто Оризари;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди, општина Центар;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 6 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Комунална хигиена мора да се освести ни се спрема катастрофа, вели Герасимовски
Градоначалникот Горан Герасимовски, во изјава за медиуми пред почетокот на средбата со претставниците на ЗЕЛС за хаосот со сметот во Општина Центар, но и на територија на градот Скопје потенцираше дека мора да се најде итно решение за овој проблем кој веќе ги помина сите граници на нормално живеење.

„Изминатите пет дена немаше воопшто ниту еден камион од комуналното претпријатие на територија на Општина Центар. Ние имаме дополнително изнајмена механизација, нашите хигиеничари работат во две смени за отстранување на сметот од улиците. За жал, и тоа не е доволно, искрено не е доволно. Гледаме што секојдневно се случува, немаме ингеренции да го отстрануваме сметот од самите контејнери, немаме ни таква механизација, туку го отстрануваме само сметот покрај самите контејнери. И тоа не е доволно. Дополнително, имаме кучиња скитници кои го разнесуваат целото ѓубре по улиците и ни прави дополнителен проблем на нашите хигиеничари. Но, даваме се од себе да го подигнеме нивото на хигиена на повисоко ниво. Верувам дека јавното претпријатие ќе се свести и дека во наредните денови ќе се појави низ Општина Центар и другите општини за да го тргне сметот од улиците“, рече Герасимовски.


