Свет
(Видео) Мистериозна светлина го осветли небото над Калифорнија

Луѓето ширум Јужна Калифорнија беа затекнати од мистериозни објекти кои го осветлуваа ноќното небо. Светлите ленти беа забележани вчера околу 1:30 часот по локално време. Граѓаните пријавиле дека светлината е видлива низ сојузната држава, пишува „ABC“.
Многат остатоци од ракетата „Фалкон 9“ на SpaceX што се спушти од вселенската база Ванденберг околу 19:30 часот во понеделникот.
WATCH: Mysterious lights streak across Southern California skies sparking debate over space debris or meteor showers. Fiery spectacle captivates Los Angeles.#breaking #California #LosAngeles pic.twitter.com/RRPpl0LKcR
— Target Reporter (@Target_Reporter) April 2, 2024
Воздухопловната корпорација, независна непрофитна корпорација за истражување на вселената, на својата веб-страница објави информации за кинеско летало за кое се предвидуваше повторно да влезе во атмосферата околу времето кога беше забележана мистериозната светлина.
Лабораторијата за млазен погон на НАСА има список на небесни настани за секој месец, како што се лесно видливи планети, затемнувања и комети кои можат да се видат преку двоглед. Сепак, на листата нема ништо што би можело да ја објасни светлината на небото над Калифорнија. Би-Би-Си потврди дека истражува што би можело да ја предизвика светлината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.