Спорт
Реал нема да го откупи договорот на Кепа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/3816338-77578688-2560-1440.jpg)
Реал Мадрид нема да ја искористи опцијата и да го откупи од Челси договорото на Кепа Аризабалага. По завршувањето на сезоната Кепа ќе се врати на „Стенфорд Бриџ“. Тој во Реал пристигна во август, кога Тибо Куртоа ги скина лигаментите во коленото.
На почетокот Кеп беше стартер, но не го импресионираше Карло Анчелоти, кој шанса му даде на Андриј Луни. Украинецот максимално си ја искористи шансата, па се га Реал сака да му го продолжи договорот.
Кепа досега во сезоната имаше 18 настапи за Реал.
Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино, во тимот ги има Србинот Ѓорѓе Петровиќ и Шпанецот Роберто Санчез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Заниоло следната сезона во Аталанта
Италијанскиот фудбалер Николо Заниоло премина од Галатасарај во Аталанта на едногодишна позајмица, потврдија на социјалните мрежи од клубот од Бергамо.
Офанзивниот играч за врска пристигна на едногодишна позајмица со опција за откуп на договорот на крајот од сезоната.
Заниоло претходната сезона ја мина на позајмица во Астон Вила за која одигра 39 натпревари во сите натпреварувања и постигна три гола.
25-годишниот фудбалер во досегашната кариера настапуваше за Виртус Ентела, Интер и Рома, а од минатата година е член на Галатасарај.
Спорт
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на Вимблдон
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/alkaraz.jpg)
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Американецот Френсис со 3:2, по сетови 5:7, 6:2, 4:6, 7:6, 6:2 во третото коло на Вимблдон.
„Секогаш е предизвик да се игра против Френсис, тој е многу талентиран. Заслужува да биде на врвот.
Не ми беше лесно да ја пронајдам својата игра, да се адаптирам и да најдам решенија. Но на крајот успеав“, изјави Алкараз.
„Имав неколку тешки моменти во четвртиот сет и си велев дека треба да се борам и да размислувам за следниот поен.
Во тајбрејкот си реков дека морам да нападнам. Кога тоа ќе се случи, обично завршува добро, така и беше“, додаде актуелниот шампион на Вимблдон.
Алакараз го забележа деветтиот последователен триумф во одлучувачки сетови на Грен слем турнирите.
Забележа и позитивен скор во мечевите против Американецот Тиафо, сега е 2:1 во победи за третиот тенисер во светот.
Следен ривал за шпанскиот играч ќе биде Брендон Накашима или Иго Умбер.
Спорт
Шпанија, живот во сенка на познатите претходници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/morata.jpg)
Фактот дека епитетот најискусен играч ќе го носи напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората е најдобар показател за тоа колку се промени шпанската репрезентација во изминатите неколку натпреварувачки циклуси.
По Мората, најмногу ќе се очекува од Родри, кој со своите настапи во претходните две години докажа дека моментално е најдобриот заден играч за врска во светот.
Заедно со неколку поискусни играчи, шпанската селекција ја сочинуваат голем број млади и талентирани фудбалери кои немаат големо искуство – повеќето од нив се уште немаат ни 30 настапи за националниот тим
Џамал и Вилијамс веќе ја подигнаа својата вредност за десетици милиони, додека Руиз покажа дека е еден од најпотценетите играчи од средниот ред во Европа.
Карвахал ја донесе потребната безбедност и Кукуреља покажа зошто Челзи троши големи пари за да ги реши своите проблеми на левото крило.
Шпанија, за разлика од деновите на Енрике, покажа високо ниво на концентрација и посветеност на дефанзивните задачи.
Де ла Фуенте ги пронајде совршените 11 играчи за својот систем за кои се уште никој не најде решение.
Покрај тоа, индивидуалниот квалитет на Џамал и Вилијамс, мајсторијата на Родри на средината на теренот и животниот фудбал на Руиз ја правеа разликата на секој дуел.
Шпанците најверојатно ќе се обидат да ја нападнат Германија од крилните позиции, без разлика дали станува збор за изградени акции или контри, а играта најверојатно ќе ја добие екипата која преовладува на средината на теренот.