Регион
Москва со предупредување: Сајбер-центар на НАТО за хибридна војна во Албанија, загрозен e Балканот

НАТО и Европската Унија ја прошируваат територијата на која се наоѓаат нивните сајбер-центри насочени против Русија, а сега планот е да се изгради еден таков центар во Албанија, откри денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Таа предупреди дека „на овој начин може да се појави уште еден извор на хибридни закани на Балканот – регион што се карактеризира со внатрешнополитички проблеми“.
Како што објаснува Захарова, фокусот на ваквите сајбер-центри ќе биде ставен на Русија, која за Американците е „една од главните закани за американската стабилност во дигиталната сфера“.
Захарова потсети дека во 2017 година во Хелсинки беше отворен Европскиот центар за борба против хибридни закани.
Анализирајќи ја неговата работа, руските воени експерти дошле до заклучок дека „финскиот центар спроведува комплекс од активни мерки во воената, политичката, дипломатската, економската, информативната, медицинската и други сфери со цел да се наруши позитивниот имиџ на Русија“.
НАТО размислува да отвори сличен центар во Албанија, предупредува руското Министерство за надворешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.