Спорт
(Видео) Динамо втор пат во четири дена среде Сплит го победи Хајдук
Фудбалерите на Динамо Загреб се пласираа во финалето на Купот на Хрватска за сезоната 2023/2024. Избраниците на Сергеј Јакировиќ го победија на „Пољуд“ во Сплит Хајдук со резултат 1:0 (1:0). За трофејот Динамо ќе се бори со Риека која со ист резултат во Загреб ја победи Локомотива.
Ова беше втор триумф на Динамо, во Сплит, над најголемиот ривал за само четири дена. Динамо во саботата со идентичен резултат го совлада Хајдук и го оддалечи од борбата за титулата во првенството на Хрватска.
На Хајдук овојпат не му помогна ниту тоа што Иван Перишиќ, легендата на хрватскиот фудбал, заигра за прв пат откако потпиша договор со клубот. Тој влезе во игра во 72. минута и предизвика ерупција од воодушевување кај навивачите на Хајдук.
Клучниот момент од натпреварот се случи во 15. минута кога единствениот гол го постигна Сандро Куленовиќ.
Динамо 24.пат ќе игра во финалето на националниот Куп за Динамо, досега освои рекордни 16 титули. Од друга страна, Риека се пласираше во деветтото финале, каде ќе се бор за седмата титула.
Sandro Kulenović gives Dinamo the lead at Poljud in the 14th minute.
Kalinić saved Petković's shot from the distance, but the ball rebounded to Kulenović, who had an easy job.
Lučić had to replace Kalinić, who got injured after saving the first shot. 🚨pic.twitter.com/uVeGbNDAtb
— 🇭🇷 (@TheCroatianLad) April 3, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Олимписките игри останаа без три големи спонзори
Јапонската компанија Бриџстоун во вторникот објави дека нема да го обнови спонзорскиот договор за Олимписките и Параолимписките игри кога ќе истече оваа година.
Инаку од претходно беше познато дека спонзорствата нема да ги обноват Тојота и Панасоник.
Бриџстоун е партнер на Олимписките игри од 2014 година.
На овој начин Интернационалниот олимписки комитет ќе остане без трите главни спонзори.
Тојота е единствената која јавно објави дека не е задоволна од начинот на кој ИОК ги распределува средствата добиени на име спонзорство и дека овие пари не се користат на најдобар начин за поддршка на спортистите и промоција на спортот.
Бриџстоун, како и Панасоник, не излезе во јавноста со слични изјави. Токму спротивното.
Бриџстоун најави дека станува збор за прераспределба и промена на стратегијата на брендот кој сака повеќе да се фокусира на мотоспортот.
Спорт
Легендата на литванската кошарка го презеде националниот тим
Римас Куртинаитис е назначен за нов селектор на машката кошаркарска репрезентација на Литванија, пренесува „Баскетњуз“.
Куртинаитис го замени Казис Максвитис на функцијата. Максвитис поднесе оставка во јули откако не успеа да се квалификува за Олимписките игри во Париз.
Куртинаитис (64) беше назначен за тренер на Сабах на почетокот на годината, а претходно ги водеше Волвс, Химки, Лиетувос Ритас, Канта, Рига, Сласк, Сакалаи, Урал и Гала Баку.
На клупата на Литванија ќе дебитира во ноември на натпреварите против Македонија во квалификациите за ЕП 2025 година.
Спорт
Сестрата на Роналдо за Касано: Не знам кој е тој бедник
Поранешниот играч на Рома, Милан, Интер и Реал Мадрид, Антонио Касано, познат по директните и контроверзни изјави, неодамна го критикуваше Кристијано Роналдо.
Португалецот е единствениот играч во историјата на фудбалот кој ја надминал бројката од 900 гола на официјални натпревари, но тоа не го спречи Касано да дојде до заклучок дека „Роналдо не знае да игра фудбал“.
Поранешниот италијански репрезентативец (42) гостуваше во подкастот на „Viva el Futbol“ и го коментираше Роналдо.
„Кристијано Роналдо не знае да игра фудбал, може да постигне 3000 голови, не ми е гајле… Игуаин, Агуеро, Бензема, Левандовски, Ибрахимовиќ и Суарез знаат како да играат со остатокот од тимот, а единствената занимација на Роналдо е да дава голови.“
Овие зборови на Касано наиде на негодување кај многумина, меѓу кои и сестрата на Роналдо, Елма Авеиро. Што мисли за Касано, а што за нејзиниот брат, откри на Инстаграм.
„Не го познавам тој бедник и не ми е гајле за него. Ми велат дека бил фудбалер, мислам дека грешат. Беше собирач на топки. Но, ќе ви кажам една работа. Ако Кристијано не знае да игра и постигна 900 гола, само замислете што би било кога би знаел да игра“, напиша таа.