Црна хроника
Три лица повредени во сообраќајна несреќа во Скопје

Вчера, во 6.45 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Карпошово востание и улицата Драгиша Мишовиќ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. С. (24) од с. Љубанци, Скопско, и патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С. Т. (57) од Скопје.
Во несреќата тешки телесни повреди добил Б. С., а телесни добиле С. Т и сопатничката од возилото „опел вектра“, А. М. С. (21) констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Од плажа на брегот на Охридското Езеро во болница е донесен починат маж од Босна и Херцеговина: телото дадено на обдукција

Вчера во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни заболувања Св.Стефан“ бил донесен починат М.С.(65) од Босна и Херцеговина.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Топ
Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски таблички, управувано од 54-годишниот С.Д., патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од 31-годишниот Д.Р. и патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од С.А..
Со возило на Итна медицинска помош С.А. е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош.
Увидот е во тек, а сообраќајот во тој дел кон Скопје се пренасочува зад бензиската пумпа.
Црна хроника
Уапсени две 17-годишни момчиња од Прилеп, биле фатени при кражба во црква

Денеска во 04.35 часот на улицата „Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници од Прилеп.
Тие биле затекнати како од метално сандаче за доброволен прилог од црква вршат кражба.
Тие се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.