Македонија
Велковски го разреши директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Радовиш

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, донесе решение за разрешување на Александар Филев од директор на Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Радовиш по добиеното известување на 3.4.2024 од СВР Струмица.
„На Александар Филев, според известувањето од Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност СВР Струмица, ОВР Радовиш – ОСИД, рег. бр. 23. 26.2.3-609/2 на 19.3.2024 година, поднесена му е кривична пријава за сторено кривично дело загрозување на сигурноста по член 144 став 4 од Кривичниот законик и три прекршочни барања по член 6, по член 11 став 1 и член 13 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Со ваквите дејства, загрозување на сигурноста, прекршоците за нарушување на јавниот ред и мир поради пијана состојба, учество во тепачка и навредување службено лице на државен орган или друга институција што врши јавни овластувања во вршење на службата, Александар Филев со крајно несоодветно однесување, а притоа неводејќи сметка за јавниот углед и интерес на институцијата што ја преставува, направил груба повреда на законот и статутот на институцијата“, се наведува во соопштението на МТСП.
Имено, во член 189 од Законот за социјалната заштита („Службен весник на РСМ“ бр. 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22 и 65/23) е предвидено дека директорот на установата може да биде разрешени пред истекот на мандатот за кој е именуван доколку постапува противправно, односно спротивно на јавните интереси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сиљановска Давкова: Не сум се фотографирала со восочни фигури на Доналд и Меланија Трамп

Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е автентична и направена во Њујорк за време на свечениот традиционален прием организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп, реагираше претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова.
– Написите на одредени медиуми дека станува збор за фотографија со восочна фигура се целосно неточни, злонамерни и со јасна тенденција за дискредитација, вели таа.
Сиљановска – Давкова упати апел до медиумите за професионално, одговорно и чесно информирање на јавноста, со почитување на вистината како највисок демократски принцип.
Македонија
Денес дожд и температура од 13 до 21 степен

Времето во текот на денот се очекува да биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со ретки грмежи.
Според синоптичарите, ќе дува слаб со умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен Целзиусов.
Во Скопје, се очекува претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Според најавите, ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови.
Локални врнежи од дожд се најавени и за утре, а потоа во следните два дена да биде претежно стабилно.
Од четврток се очекува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи од дожд и со значително опаѓање на температурата.