Регион
Организација од Србија: Ставете го министерот Гашиќ на полиграф за Данка

Организацијата Еколошкото востание од Србија бара од српското МВР, министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ да биде подложен на полиграфско вештачење во кое ќе повтори се што кажал во врска со убиството на Данка Илиќ бидејќи, како што е наведено во соопштението за медиумите, во неговата изјава има низа нелогичности кои предизвикуваат сомнеж кај граѓаните.
Тие бараат да му бидат поставени следниве прашања за време на полиграфското испитување:
Кој ден и во кое време биле однесени осомничените во депонијата каде наводно било фрлено телото?
На кој датум и час на осомничените им било извршено полиграфско тестирање и кога биле пуштени од полициска станица?
Што точно значи доцна реакција на полиграф и од каде таблоидите добија информации од внатрешната мрежа на српското МВР што им се достапни само на високи раководители на ова министерство?
Да потсетиме, министерот за внатрешни работи на Република Србија, Братислав Гашиќ, на прес-конференција ги соопшти наодите и резултатите од истрагата за Данка Илиќ, која исчезна на 26 март.
Тој рече дека потрагата по Данка Илиќ е завршена бидејќи истрагата утврдила дека девојчето е убиено. Според министерот, двајца мажи го признале нејзиното убиство. Вишото јавно обвинителство во Заечар претходно соопшти дека се приведени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, двајцата на возраст од 50 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад.
Пред седиштето на Српската напредна партија (СНС) во Ваљево демонстранти со качулки и покриени лица фрлаа пиротехнички средства, по што избувна пожар во дел од просториите. Огнот беше изгаснат со интервенција на противпожарните екипи и демонстранти. Искршен е влезот на Општина Ваљево, а полицијата употреби солзавец.
Во Милановац неколку стотици граѓани фрлаа тоалетна хартија кон просториите на СНС, додека во Нови Сад беа искршени прозорци со шишиња и други предмети. Во Нов Белград полицијата употреби солзавец и шок бомби, а демонстрантите се обидоа да стигнат до седиштето на СНС.
Протестите следат по повеќемесечните студентски блокади, а сега целта е промена на власта. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да има предвремени избори и ги нарече протестите управувани однадвор.
Регион
Црна Гора се бори со пожари

Седми ден по ред пожарите во Црна Гора не стивнуваат, а најкритично е во Подгорица, каде што и покрај тоа што ситуацијата е под контрола.
Началникот на Дирекцијата за цивилна заштита и намалување на ризици од катастрофи, Љубан Тмушиќ, соопшти дека најзагрозени области се Пипери и Кучки Корита. – Во овие подрачја се ангажирани сите расположливи ресурси – 12 возила и 42 пожарникари, рече Тмушиќ.
Посебна закана претставуваат и таканаречените „подземни пожари“ кои се активираат со пораст на температурите.
Во гаснењето се вклучени и армијата, како и помош од странство – Србија испрати хеликоптер, а вчера пристигна и швајцарски тим со 26 пожарникари и четири специјализирани возила. Поддршка дава и хеликоптер од Чешка.
Регион
Еди Рама вети бесплатни нови куќи за оние кои во пожарите ги загубија своите домови

По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и директно ветување до сите настрадани граѓани. Во објава на социјалните мрежи, тој најави дека државата целосно ќе ги обесштети сите што претрпеле штета, вклучително и бесплатна обнова на секој уништен дом.
„Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Оваа мерка, како што појасни министерот за одбрана Пиро Венгу, ќе се спроведува преку општините. Ќе се формираат посебни комисии за проценка на штетите на куќи, инфраструктура, бизниси и земјоделски култури, по што ќе следува обештетување од општинските фондови за цивилна заштита, поддржани од државниот буџет.