Забава
(Видео) Пленковиќ на „Тик-ток“ откри кога се бакнал првпат и кој бенд му е омилен

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, неодамна се појави на „Тик-ток“ како дел од кампањата за приближување до помладите гласачи.
Имено, тој одговараше на многубројни прашања на следбениците, меѓу кои беа и оние за првиот бакнеж, омилените музичари, филмовите, децата…
„Одамна, во Макарска, на почетокот на 80-тите“, одговори Пленковиќ на прашањето кога првпат се бакнал.
Омилен филм му е „Кој пее зло не мисли“, а омилен бенд му се „Ролинг стоунс“.
Го прашаа и со кој од министрите најмногу се дружи.
@plenkovic_andrej Odgovaram na vaša pitanja u novom Q&A videu. 💬 Uskoro slijedi i PART 2. 👉🏼 #ZaSveIzazove #Q&A #pitanjaiodgovori #andrejplenkovic #premijer ♬ Piano classic short ending(837076) – Hitoshi Kaneshiro
„Со сите се дружам, но навечер нема дружење бидејќи децата се мали, по работа, обично околу 19-20 часот навечер, одам дома“, објасни тој.
Помеѓу Меси и Роналдо, се одлучи за Лука Модриќ бидејќи „тој е наш, тој е одличен и мораме да му се заблагодариме нему и на оваа одлична генерација за сите успеси во последните неколку години“. Ако треба да избира ќебапи или бурек, зема ќебапи.
На крајот, напомена и дека да се биде тиктокер не е воопшто лесно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Кога ќе се појави во креација со резови, кршењето на правилата веќе никому не му пречи

Славната актерка, позната и како „Жената-Мачка“, Хали Бери, е само една од многуте што прошетаа по црвениот тепих во Кан и успеаја да го украдат целото внимание на светот.
Иако новите правила во Кан предизвикаа доста возбуда, Хали ниту овој пат не ги испочиктува целосно.
Овој пат, таа избра уникатен фустан од корсет во бордо боја со големи волуменозни детали, а фустанот се влечеше. Токму така ги прекрши новите правила во Кан.
Според напишаното, волуменозните долги креации се забранети бидејќи го отежнуваат движењето на црвениот тепих како и седењето.
Нејзиниот фустан имаше и шлиц што ги откриваше долгите нозе и зачудувачката фигура на убавата актерка, а уште еднаш нејзиниот изглед беше главна тема на овој настан, со оглед на тоа што оваа жена има 58 години.
Забава
(Фото) Салма Хајек, една од најголемите ѕвезди на овогодинешниот Кански фестивал, шармираше со своето модно издание

Прославената актерка Салма Хајек го поминува времето во Кан за познатиот фестивал што е во тек, а таа и нејзиниот сопруг ја посетија и церемонијата на доделување на наградите „Kering Women In Motion“.
Салма неодамна позираше за насловна, нејзините фотографии во бикини ги воодушевија сите, но сега беше малку поумерена.
За оваа пригода, таа одбра долг и тесен фустан кој совршено ги нагласува нејзините облини, а на дното се претвора во безброј реси кои се влечат по подот. Инаку, целата креација е покриена со ситни циркони, а Салма сето тоа го надополни со впечатлива огрлица.
До неа беше нејзиниот сопруг, Франсоа Анри Пино, кој позираше во класично решение за мажи, со кое никогаш нема грешка, црно одело и бела кошула.
Уште еднаш, Салма блесна на црвениот тепих и покажа дека со природен изглед може многу да се постигне.
Забава
(Фото) Неверојатна жена: има 44 години, а во бикини изгледа како да има само 20

Џесика Алба го користи и времето поминато во Кан за да ужива во сонцето, а нејзиниот младешки изглед и совршената фигура во бикини не престануваат да предизвикуваат восхит.
@jessicaalba The perfect #summer ♬ Canopée – Polo & Pan
Актерката Џесика Алба не крие колку е посветена на себе по разводот од Кеш Ворен, со кого беше во брак речиси 17 години, и редовно објавува на социјалните мрежи дека ужива во животот и дека ужива да биде сама.
Џесика Алба, како и многу ѕвезди, моментално е во Кан за Филмскиот фестивал, а слободното време го користи за сончање и уживање на една од тамошните плажи.
На фотографијата што ги воодушеви нејзините следбеници, таа позира во впечатливо дводелно бикини со интересен дезен што ја истакнува нејзината совршена кожа и беспрекорен, исончан тен.