Спорт
Квартараро останува во Јамаха
Францускиот мотоциклист Фабио Квартаро го продолжи договорот со Јамаха до крајот на 2026 година, потврдија од јапонскиот тим.
Во редовите на Јамаха задржувањето на шампионот од 2021 година уште порано беше окарактеризирано како приоритет во следниот период, особено што за него беа заинтересирани и други екипи.
Одлуката на Квартараро да остане во редовите на сините се базира на тоа што во јапонската компанија напорно работат на враќање на победничкиот пат од кој отстапија по освојувањето на титулата пред две и пол години.
Французинот и се приклучи на Јамаха во 2021 година, откако помина две сезони во сателитскиот тим Петронас Јамаха и оттогаш забележа осум победи, а вкупно 21 пат заврши на подиумот.
Инаку, Квартараро е третиот возач кој има договор за наредната сезона. Пред него, Бред Биндер го продолжи договорот со KTM рејсинг, додека Франческо Багнаја останува верен на Дукати.
Овогодинешниот Мото ГП шампионат продолжува со Големата награда на Америка, од 12 до 14 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Марио Балотели преговара со клуб од соседството
Некогаш еден од најдобрите европски напаѓачи, Марио Балотели, моментално е во потрага по нов клуб.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, поранешниот италијански репрезентативец преговара со екипата на ЦСКА од Софија.
Овој клуб вложи многу пари во новата сезона, а сега сака да го доведе најзвучното засилување.
Марио Балотели е слободен играч откако му истече договорот со турскиот суперлигаш Адана Демирспор.
Балотели има 34 години и има настапувано за 11 клубови од пет земји. Играше во Италија (Лумекане, Интер, Милано, Бреша, Монца), Англија (Манчестер Сити, Ливерпул), Франција (Ница, Олимпик Марсеј), Турција (Адана Демирспор) и Швајцарија (Сион).
За италијанската репрезентација одигра 36 натпревари и постигна 14 голови. Тој беше вицешампион на Европа во 2012 година со Аѕурите.
Спорт
Порто падна во Норвешка, АЗ го победи Елфсборг
Со победи на Босдо/Глимт и АЗ Алкмар започна новата сезона во Лига Европа. Двата тима забележаа идентични победи 3:2 во дуелите со Порто, односно Елфсборг.
Во Норвешка, Порто подобро влезе во натпреварот и со голот на Омородион во осмата минута поведе со 0:1. Радоста на Португалците траеше само седум минути, на голема радост на домашната публика изедначи Хег. До крајот на полувремето Боде/Глимт направи пресврт со голот на Хауге во 42.минута.
Судбината на Порто ја реши 20 минути подцна Хауге со својот втор гол. Поразот го ублажи Гул во 90.минута.
Сличен тек имаше и дуелот во Алкмар. Гостите од Шведска водеа со голот на Оума, АЗ направи пресврт со головите на Ван Бомел, Хдлунд изедначи, а победата на АЗ му ја донесе Перот од пенал во 74.минута.
Спорт
Влаховиќ му кажал „Не“ на Јувентус
Ситуацијата во Торино се повеќе се вжештува кога е во прашање статусот на Душан Влаховиќ во Јувентус.
Српскиот репрезентативец, кој вторпат по ред не е на списокот на Драган Стојковиќ Пикси, влезе во своевидна војна со челниците на „старата дама“.
Имено, Јувентус сака да му понуди нов договор, но и да му ја намали платата.
Со 12.000.000 евра по сезона тој е најплатен играч во Серија А, а Јуве има намера да го намали тоа на осум или девет милиони, а во договорот би биле вметнати и одредени клаузули кои доколку би биле исполнети би му овозможиле на напаѓачот да дојде до сумата од 12.000.000 евра.
Влаховиќ ја одбил понудата, и практично му ги „врза рацете“ на спортскиот директор Кристијан Џунтоли во обид да донесе нови засилувања.
Србинот е на удар на критиките од почетокот на сезоната, особено по три последователни натпревари во кои Јувентус е без голови во Серија А.
Влаховиќ постигна само два од нив сезонава, и двата на гостувањето кај Верона во 2. коло.
Инаку медиумите во Италија шпекулираат дека Јувентус се заинтересирани за Виктор Осимен, а во исто време се пишува дека Влаховиќ би можел да заврши во Арсенал.