Црна хроника
Кривична пријава за бесправна градба
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. E. (67) од Скопје за сторено кривично дело бесправна градба од чл. 244 а од КЗ на РСМ. Пријавениот во својство на инвеститор, иако знаел дека пред да почне со доградба и надградба на објект во согласност со чл. 63 ст. 1 од Законот за градењето, потребно е да поседува одобрение за градење од територијално надлежната општина, во случајот Општина Чаир, сепак, без да поседува такво одобрение, почнал со доградба и надградба на објект лоциран на плоштадот Скендербег.
А. Е. постапил спротивно на чл. 56 ст 1 од Законот за градењето, со што го сторил кривичното дело бесправна градба по чл. 244-а, во кое е наведено дека „тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган е всушност сторител на горенаведеното кривично дело и ќе се казни во согласност со пропишаниот закон“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

